5 книги кои треба да ги прочитате ова лето според Бил Гејтс
Летото е одличен период за читање на книги. Без разлика дали сте во удобноста на вашиот дом, во вашата летна оаза или некаде на плажа, носењето на интересна книга е задолжително.
И доколку не знаете што да одберете за ова лето, во продолжение погледнете 5 предлози од милијардерот Бил Гејтс:
„Leonardo da Vinci“ од Волтер Исаксон
Според Бил, оваа книга одлично го опишува генијалниот ум на да Винчи и сите аспекти кои го прават една од најинтересните фигури на денешницата.
„Everything happens for a reason - and other lies I've loved“ од Кејт Боулер
Оваа книга Бил ја опишува како неверојатно интересен мемоар за надежта и прифаќањето на сопствената смртност.
„Lincoln in the Bardo“ од Џорџ Саундерс
„Ми се отворија нови погледи за начинот на кој Линколн бил уништен од тежината на тагата и одговорноста“ - вели Бил. Тој додава дека оваа книга е фасцинантна и дефинитивно дело кое ќе биде тема на разговор долго време.
„Origin story - A big history of everything“ од Дејвид Кристијан
Ако не сте ја прочитале „Големата Историја“ тогаш оваа книга е одличен вовед. А доколку сте ја прочитале, тогаш ќе ви биде одлично потсетување.
Како и да е оваа книга според Бил ќе ве остави со огромна почит спрема човештвото и нашето место во универзумот.
„Factfulness“ од Ханс Рослинг, Ола Рослинг и Ана Рослинг Ронлунд
Брилијантниот светски предавач, Ханс кој почина минатата година ви нуди неверојатен начин да ги разберете основните факти и вистини за светот - како животот станува поубав, и каде сè уште треба да се работи.
К. Д. | Црнобело