Нови книги-трилери кои ќе ве остават будни и напнати до разденување

Книгите му даваат душа на универзумот, крилја на умот, полет на имагинацијата и живот на сè околу нас.

Novi-trileri-koi-ke-ve-ostavat-budni-i-napnati-do-razdenuvanje-01.jpg

Размислете, од кога не сте останале будни длабоко во ноќта поради содржината на некоја книга која ве освоила од првата страница?

Трилерите како жанр дефинитивно ја имаат таа моќ. Доколку немате идеја што да читате следно, ви ги препорачуваме овие 3 нови трилери:

До кога само лоши вести? - Кејт Аткинсон

Три сосема неповрзани настани и ликови неочекувано се среќаваат на мошне непредвидлив начин.

Малата Џоана е сведок на ужасно злосторство и нејзиниот живот никогаш повеќе нема да биде ист.

Џексон Броди е поранешен детектив кој е заглавен во преполн воз што доцни во темна, глува ноќ додека не слушне разорувачки, шокантен звук кој ќе го потресе.

Реџи е 16-годишна девојка која гледа телевизија пред спиење, а ужасна бучава се заканува да го уништи нејзиниот мир.

Трагичните настани се слика и прилика на времето во кое живееме.

Novi-trileri-koi-ke-ve-ostavat-budni-i-napnati-do-razdenuvanje (1).jpg

Танц во темнината - Стејнар Браги

Ана и Вигдис патуваат заедно со своите партнери по осамените вулкански предели на Исланд.

Тие се жртви на финансиската криза. Порано имале богатство и статус, а патувањето им изгледа како одлична авантура со чија помош ќе се рехабилитираат.

Густата магла полека се спушта во осамениот предел и наскоро атмосферата станува прилично морничава.

Четворицата млади луѓе ќе удрат во ѕидот на камената куќа во која живеат двајца чудни старци.

Не им останува ништо друго освен да преноќат со разденување. Наскоро започнуваат да се случуваат бизарни настани и да се откриваат запрепастувачки детали, додека главните протагонисти безуспешно се обидуваат да го напуштат имотот.

Novi-trileri-koi-ke-ve-ostavat-budni-i-napnati-do-razdenuvanje (3).jpg

Потекло – Ден Браун

Книгата е издадена минатата година, но сепак е последната од Ден Браун, па со полно право сè уште се третира како „нова“ и актуелна.

Во фокусот е повторно еден од омилените ликови на Браун – професорот по симбологија и религиска иконологија, Роберт Ленгдон.

Тој пристигнува во модерниот музеј „Гугенхајм“ во Билбао. Тоа е местото каде што се најавува откритие која ќе ја промени науката засекогаш.

Инцидентно, домаќинот на вечерта е 40-годишниот милијардер Едмонд Кирш чии високотехнолошки пронајдоци го зашеметуваат светот, кој воедно бил еден од првите студенти на Ленгдон пред 20 години.

Но, она што треба да биде важна и детално организирана вечер наскоро се претвора во хаос, а на скапоцениот пронајдок му се заканува опасност.

Novi-trileri-koi-ke-ve-ostavat-budni-i-napnati-do-razdenuvanje (4).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наскоро нова сликовница за Лефти и Рајти “Лефти и Рајти го спасуваат џемперчето Воли” е новата сликовница од циклусот: Пр...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg