Книжевни препораки за оваа недела
Во последниот период неколку странски книги добија македонски превод. Издавачките куќи пополека, но сигурно се припремаат за претстојниот Саем на книгата, кој годинава ќе се одржи во салата на Спортскиот центар „Борис Трајковски“.
За сечиј читателски вкус, во продолжение следува листа на книги кои би ви го задржале вниманието:
Стаклената градина од Ојдур Ава Олафсдотир
Приказна за потрага по убавината на животот, која ќе ви ги отвори очите и ќе ве потсети дека малите нешта во животот можат да се преобразат во емотивни потсетувачи дека смислата се крие во едноставноста.
Пророкот од Калил Џибран
Безвременска мистична класика и култно лирско дело на големиот либанско-американски поет, мислител и уметник, чии дела се просветлувачка мудрост за многу генерации. Пророкот е вистински мевлем за душата и сетилата.
Каменувана од Томас Енгер
Бестселер преведен на повеќе од 20 јазици од критичарите дефиниран како оригинален и моќен криминалистички роман. Приказна што ќе ве нурне во навидум мирното Осло и заедно ќе ве прошета низ скандинавските координати.
Автор: Е. Х. | Црнобело