Книги кои ќе ви ја променат перцепцијата за животот

Понекогаш се наоѓаме во ситуација каде се запрашуваме на кој начин го живееме животот и колку всушност се познаваме себеси. 

 knigi koi ke vi ja promenat percepcijata za zivotot 5

Оптеретени од секојдневието исполнето со стресови и разнишан биоритам понекогаш сакаме да залутаме во природа и засекогаш да останеме таму.

Иако бараме начин како да го најдеме чувството на мир, она задоволство на постоењето и смислата на нашето постоење, забораваме да погледнеме во суштинскиот избор, поточно во самите себе.

Книгите на Ентони де Мело, Елизабет Хејџ и Екарт Тол се вистински четива кои додека ги читаме ќе си повториме: „е ова е тоа што ми требаше“.

Будење – Ентони де Мело

„Животот е тоа што ни се случува додека сме зафатени“ е една од носечките реченици на оваа кратка книга, исполнета со бесценета мудрост. Со мноштво на анегдоти и приказни, како и вежби за самопомош, Будење ќе ни го промени животот.  

 knigi koi ke vi ja promenat percepcijata za zivotot 2

Иницијација – Елизабет Хејџ

Авторката на книгата е познат спиритуалист и јога учител која се сеќава на искуствата од претходниот живот во древниот Египет. Иницијација содржи многу тајни за несекојдневно разобликување на реалноста и има моќ читателот да го вдахне со ново знаење.

 knigi koi ke vi ja promenat percepcijata za zivotot 3

Моќта на сегашниот миг – Екарт Тол

Техниките на самопомагање и подучувањата како да ги наслушнете гласовите на своите емоции ќе ве одведе во длабочините на битието за кои претходно не сте биле ни свесни дека се дел од вас.

knigi koi ke vi ja promenat percepcijata za zivotot 1

Автор: Е. Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg