Кои книги треба да ги прочитате пред да излезе филмот во 2018-та?
Вечната дилема „Што преферирате повеќе – книгата или филмот“ повторно ќе биде во центарот на дебатите помеѓу книжевните и филмските фанатици и оваа година.
Многу нови, но и постари популарни наслови ќе ја добијат својата екранизирана верзија, а ние одбројуваме со нетрпение.
Кои книги треба да ги прочитате пред да излезе филмската верзија од истите? Има буквално нешто за сечиј вкус.
Еве што ќе читаме (и гледаме) годинава:
Forever my girl
Оригинален наслов на книгата: Forever My Girl - Heidi McLaughlin
или Засекогаш моја девојка од Хејди МекЛохлин
За што се работи: Популарен кантри пејач се враќа во своето родно место и девојката која ја оставил зад себе, но сфаќа дека оставил многу повеќе отколку поранешната љубов.
Во главните улоги: Алекс Ро и Џесика Рот
Премиера: 19 јанури
12 Strong
Оригинален наслов на книгата: Horse Soldiers - Doug Stanton
или Војници на коњи од Даг Стентон
За што се работи: Вистинска приказна за специјални полициски сили кои одат на мисија во Авганистан по терористичкиот напад на 11 септември и уривањето на кулите-близначки.
Во главните улоги: Крис Хемсворт, неговата сопруга Елса Патаки и Тревант Роудс
Премиера: 19 јануари
Fifty Shades Freed
Оригинален наслов на книгата: Fifty Shades Freed - EL James
или Педесет нијанси – ослободени од Е.Л. Џејмс
За што се работи: Последното продолжение од Трилогија „Педесет нијанси сиво“ го прикажува псоледното поглавје од приказната на Кристијан и Ана и соочувањата со најголемиот предизвик во нивната врска досега – бракот и потенцијалното потомство.
Во главните улоги: Џејми Дорнан и Дакота Џонсон
Премиера: 9 февруари
Annihilation
Оригинален наслов на книгата: Annihilation - Jeff Vandermeer
или Уништување од Џеф Вандермир
За што се работи: Биолог, во обид да дознае што го убило нејзиниот сопруг, заминува во истражувачка експедиција чија локација е мистериозна област каде што очигледно не важат стандардните закони на природата.
Во главните улоги: Натали Портман, Џина Родригез
Премиера: 23 февруари
The War With Grandpa
Оригинален наслов на книгата: The War With Grandpa - Robert Kimmel Smith
или Војната со дедо од Роберт Кимел Смит
За што се работи: Мало момче мора да се откаже од својата соба поради неговиот дедо, па тоа крои план и низ серија од несолени ѓеги се обидува да го натера да се исели од собата.
Во главните улоги: Роберт Де Ниро, Ума Турман и Кристофер Вокен
Премиера: 23 февруари
*Трејлерот сè уште не е објавен, но се очекува наскоро.
Red Sparrow
Оригинален наслов на книгата: Red Sparrow - Jason Matthews
или Црвениот врабец од Џејсон Метјуз
За што се работи: Откако нејзината кариера ќе заврши, руската прима балерина Доминика станува шпион со опасни способности и смртоносна мисија пред себе.
Во главните улоги: Џенифер Лоренс и Џоел Едгертон
Премиера: 2 март
Where'd You Go, Bernadette
Оригинален наслов на книгата: Where'd You Go, Bernadette - Maria Semple
или Каде отиде, Бернадет од Марија Семпл
За што се работи: Бернадет, ексцентрична и прилично нервозна мајка и сопруга одеднаш исчезнува, а нејзината 15-годишна ќерка Би почнува да ги истражува нејзините мејлови, поштата и разговорите кои таа ги водела во обид да ја пронајде мајка си.
Во главните улоги: Кејт Бланшет, Кристен Виг, Били Крудап
Премиера: 11 мај
*Трејлерот сè уште не е објавен, но се очекува наскоро.
Boy Erased
Оригинален наслов на книгата: Boy Erased - Garrard Conley
или Избришано момче од Џерард Конли
За што се работи: Синот на свештеник е принуден да учествува во специјална програма за хомосексуалци со поддршка од црквата со цел да го преобратат од погрешната патека.
Во главните улоги: Никол Кидман, Расел Кроу, Џоел Едгертон
Премиера: 28 септември
*Трејлерот сè уште не е објавен, но се очекува наскоро.
(О)Милена | Црнобело