Зима со мирис на капини и две други приказни за љубовта кои ќе ве разнежат
Книгата е подарок којшто можеш да го отвориш одново и одново, а ние не можеме да се согласиме повеќе.
Бидејќи, како што се рекло – литературата е мост помеѓу мизеријата и надежта, време е да преминете на светлата страна со овие 3 неверојатни приказни за љубовта кои ќе ви го разнежат срцето, токму навреме за празниците:
Зима со мирис на капини - Сара Џио
Вера е самохрана мајка која одвај врзува крај со крај во Сиетл. Годината е 1933-та, а таа мора да замине на работа во локалниот хотел каде што работи како собарка, оставајќи го 3-годишното синче Даниел сам дома, бидејќи нема друг избор.
Наредното утро кога излегува од работа, забележува дека градот е покриен со снег, иако е месец мај. Кога стигнува дома, Даниел го нема. Надвор е само неговото мече фрлено на улица, а снегот веќе ги покрил трагите на оној кој го зел Даниел од нивниот дом.
Робинката - Кетрин Лим
Хан има само 4 години и е најмалата ќерка во сиромашно семејство во Кина. Наскоро ќе биде продадена како робинка во куќата на Ву и оформува цврсто пријателство со младиот наследник.
Но, работите се менуваат кога таа ќе стане тинејџерка. Хан е силна, горда и вљубена во младиот господар.
Нејзиниот живот прераснува во борба против традицијата, како и тиранијата во свет каде што жените се користат како робинки за сексуално задоволство.
Извонредно моќна и раскошна приказна за љубовта, борбата и истрајноста.
Бродолом - Рабиндранат Тагоре
Поетот кого го нарекуваат уште и славејот на Индија, опишува љубовен триаголник меѓу адвокатот Рамеш, Хемналини која е нежна, добро воспитана и еманципирана млада жена и многу убавата Камала, која е сираче без родители.
Низ една топла и нежна приказна на одличен начин е отсликана индиската традиција, што значи жртвата која опфаќа откажување од сопствената среќа, како и честа на девојките во овој богат шаренолик културолошки свет.
(О)Милена | Црнобело