Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


3 предлози што да читате во април

Научниците докажале дека читањето има огромно влијание врз вашиот организам.

Tri-predlozi-sto-da-citate-mesecov-01

Тоа не само што ги проширува вашите знаења и го активира вашиот мозок, туку исто така делува смирувачки врз целото тело.

Читајќи која било книга вашиот мозок е оној кој ве пренесува во еден сосема поинаков свет, свет во кој ликовите од книгата оживуваат и вие заедно со нив ги преживувате сите нивни авантури, заборавајќи, макар и само на момент, на сите оние проблеми кое ве мачат и ви задаваат главоболки.

Токму затоа ни ви предлагаме три наслови кои ќе ве натераат да заборавите на сè околу вас.

1. „Калуѓерот што го продаде своето ферари“ – Робин Шарма

Според многумина ова е „Библијата“ кога станува збор за книгите за самопомош и мотивација. Одличниот стил на пишување на Шарма ќе ве натера на многу едноставен начин да се преиспитате кои работи се навистина важни во животот.

Преку приказната за Џулијан Ментал, успешен адвокат кој може да се ги дозволи сите земни задоволства, како на пример најново и најскапо ферари, Шарма ни покажува дека во животот доаѓаат моменти кога парите немаат никаква вредност. Единственото нешто кое навистина вреди се наоѓа длабоко во нас, а наша задача е да го откриеме...

2. „Незаборав“ – Алисон Ричман

Уште една прекрасна љубовна приказна која ќе го разбуди човечкото во вас и ќе ве натера да верувате дека вистинската љубов навистина постои.

Двете испреплетени приказни, едната за селскиот доктор Анџело и младата виолончелистка Ана која бега од ужасите на војната, и втора за безгрижната девојка која реши да ѝ се спротивстави на војната на тој начин сретнувајќи го Лука, човекот кој ќе ѝ покаже што значи да се сака вистински, до ѕвездите и подалеку од небото. Колку лица може да има една девојка соочена со суровоста и бездушноста на војната, но и колку храброст може да се крие во срцето кое пропатило многу и се претворило во незаборав.

3. „Луна“ – Винка Саздова

Две жени, Роса и Теодора, се обидуваат преку спомените на другата да проникнат во сопственото минато. Заедничка им е љубовта кон Калин, кој пред смртта остава една папка преполна со романтични вознеси за Луна.

Која е Луна? Тоа е загатката што двете жени ќе ги принуди на сојузништво. Трагајќи по Луна, тие постапно се доближуваат една до друга и се ослободуваат од сеништата на минатото.

„Луна“ е роман за незавршените комуникации во нашите животи, комуникации кои можеби после долго време ќе се вратат во поинаква форма за да ни помогнат да се вратиме на вистинскиот пат кој, водени од илузиите, сме го изгубиле.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 одлични трилери без кои не треба да си заминете од Саем на книга 2024 Кои три трилери вреди да ги набавите годинава на Саемот на книга? Издвојуваме тр...
Три божиќни книги кои ќе ве расположат во празничните денови Замислете си ја следнава идилична слика - надвор студи и врне снег, а вие сте до...
Три морничави трилери, за љубителите на хорор приказни Двајца инспектори кои сосема случајно ќе бидат вовлечени во мистериозни случаи, ...
3 романи за кои ќе сакате да се пофалите дека сте ги прочитале Ако сте од оние читатели, со истенчен вкус, тогаш овие книги сигурно ќе ви се до...
3 кратки класични романи (што секој интелектуалец треба да ги прочита) Сакате да читате класици, но ве фаќа уплав од големите и обемни дела на познатит...
3 летни приказни за авантуристи и романтични души Ако сте романтичар и уживате во љубовните приказни, тогаш овие три романи се сов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg