-->
-->
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Со топол чај и книга, зимата е волшебна

Многумина од нас не ја сакаат зимата. Но, секогаш од има начин како да ја направите убава и волшебна...

so-topol-chaj-i-kniga-zimata-e-volshebna-01.jpg

Се што ви треба е топол чај или кафе, удобни пижами, волнено ќебенце и одлична книга...

Еве 4 книги кои можат да ви ја згреат душата дури и на минусни температури:

Бели ноќи - Фјодор М. Достоевски

Бели ноќи многумина го сметаат за сентиментален роман. Но тој е многу повеќе од тоа. Јунаците на Достоевски живеат во сиви станбени згради и во нечисти соби за издавање и тие места како судбина ги оковаат во беда од која нема излез до смртта.

За да ја зголеми драмската напнатост, Достоевски и дава на својата новела форма на исповед на главните јунаци, кои во прво лице ги изнесуваат своите психички проблеми.

so-topol-chaj-i-kniga-zimata-e-volshebna-001.jpg


Чекај ме - Пјеро Делји Антони

Само за миг замислете си дека одите во некоја книжарница каде се продаваат стари книги и шетајќи низ рафтовите забележувате книга на чија задна корица е опишан еден мал дел од книгата, а токму тој дел е вашиот најважен момент во животот и сè е исто како писателот да пишувал токму за вас, токму за тој ваш миг.

Како ќе се почувствувате во тој момент? Токму ова и се случува на Микола, главниот лик во овој преубав роман.

so-topol-chaj-i-kniga-zimata-e-volshebna-2.jpg


Жед за живот - Ирвинг Стоун​

Биографија за животот на Винсент Ван Гог, книга која кога ја читате, го страдате горкиот живот на Ван Гог. Ова е книга што се чита повеќепати. Ќе ја откриете непоколебливата верба во доброто, љубовта, пријателството, човекољубието...

Ова е магична книга, пред се поради животната приказна на Ван Гог, а солзите не ќе можете да ги запрете!

so-topol-chaj-i-kniga-zimata-e-volshebna-3.jpg


Мост преку вечноста - Ричард Бах

Ричард Бах го истражува значењето на судбината како и на сродните души во оваа модерна приказна базирана врз основа на љубовните врски од неговиот приватен живот како и љубовта со актерката Лесли Периш. "Ова е приказна за витезот кој умираше и принцезата што го спаси" ќе напише во неговата благодарност на почетокот на романот.

Овој роман е токму тоа и многу повеќе, тоа е приказна за љубовта помеѓу двајца, Ричард и Лесли, како тие се пронашле еден со друг и како се подготвени да ја истражуваат таа љубов со сѐ што доаѓа со неа: интимност, посветеност, искреност и што се случило потоа.

Ричард отсекогаш знаел дека некаде постои онаа вистинската за него, неговата сродна душа која многу тешко ќе ја пронајде.

so-topol-chaj-i-kniga-zimata-e-volshebna-4.jpg

М. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три (контроверзни) книги за префинети читатели Три книги од три светски признати авторки, кои се преведени на голем број јазици...
3 мистериозни романи со тензичен заплет, кои ќе ве држат во неизвесност до крај Неочекувани ситуации, напнати моменти, тензичен заплет - овие романи ќе ве држат...
3 предлог книги за романтични души (нема да ви дадат сон додека не ги довршите) Ако сте романтичари во душа, кои веруваат во тоа дека вистинската љубов секогаш ...
3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...
Новица Коцев стои зад Инстаграм магијата и зборовите на WordsByNoko Во огромниот свет на социјалните медиуми, каде што визуелното често доминира, Wo...
„Лисица“ и уште 2 книги од Дубравка Угрешиќ кои вреди да се прочитаат Сте прочитале ли некогаш некоја книга од Дубравка Угрешиќ? Ако не, време е да се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg