Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најголемиот трговец на светот – Ог Мандино, книга која вреди да ја прочитате и препрочитате

Приказната за сиромашниот трговски чирак Хафид нè враќа назад низ времето, пред околу две илјади години кога Хафид е мало момче кое живее со еден караван на трговци.

najgolemiot-trgovec-na-svetot-og-mandino-kniga-koja-vredi-da-se-pro-ita-i-prepro-ita-najmalku-nekolkupati-01.jpg

Во својата самотија тој е препуштен на добрината на својот господар кој во него го препознава човекот за кој многу години пред тоа му било кажано дека ќе го сретне и човекот кој ќе продолжи со традицијата започната години наназад.

Младиот Хафид со својата добрина и трудољубивост го освојува срцето на господарот и од него го добива најголемото богатство на светот, свитоците со мудрости.

Целата љубов, успех, душевен мир и богатство се наоѓаат во десетте древни свитоци, кои мудреците, чуварите на тајниот свет, ги пренесуваат илјадници и илјадници години до денес.

najgolemiot-trgovec-na-svetot-og-mandino-kniga-koja-vredi-da-se-pro-ita-i-prepro-ita-najmalku-nekolkupati-1.png

Мудростите му овозможуваат да успее во животот, станувајќи не само најдобриот трговец на светот, туку и најдобрата и најдоблесната личност подготвена да почувствува и подари љубов и да им помогне на сите кои ја немале среќата која нему животот му ја подарил.

Ова се само дел од најубавите цитати:

1. „Најмногу од сè цени ја љубовта која ја добиваш од другите. Таа љубов ќе остане со тебе долго откако твоето богатство и здравје ќе ги нема”.

2. „Кога ќе стигнете до теснец и сè ќе се сврти против вас и кога ќе имате чувство дека не можете повеќе да издржите ни миг, не се предавајте. Токму тоа е периодот во вашиот живот кога ќе дојде до пресврт на нештата”.

3. „Ако одлучите, почнувајќи од утре, да вложите во својата работа многу повеќе отколку што сте платени за тоа, чуда ќе почнат да се случуваат во вашиот живот”.

4. „Добрите мисли и добрите постапки никогаш нема да дадат лоши резултати”.

5. „Добро е да имате пари и сите оние нешта кои може да се купат, но исто толку е добро понекогаш да застанете за миг и да се осигурате дека во трката за пари не сте ги изгубиле оние нешта кои не може да се купат”.

6. „Денес започнувам нов живот. Денес ја отфрлам својата стара кожа, која предолго ги трпеше ударите на неуспехот и раните на просечноста. Денес повторно се раѓам во лозјето каде има овошје за сите. Денес ќе го оберам грозјето на мудроста од највисоката и најбогатата лоза во лозјето, зашто неа ја засадиле најмудрите во мојата професија кои дошле пред мене, генерација по генерација. Денес ќе го пробам вкусот на грозјето од оваа лоза и навистина ќе го проголтам семето на успехот, затворено во секое зрно, а новиот живот ќе никне во мене“.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тони“ и уште 2 книги од Румена Бужаровска кои ќе ве насмеат и замислат Приказната за некогашниот скопски фраер Тони, кој и на 53 години живее со мајка ...
Три книги за сечиј вкус, одлични за празничните денови Книга за необично пријателство, морничав трилер и силен роман за љубовта и прежи...
Три (контроверзни) книги за префинети читатели Три книги од три светски признати авторки, кои се преведени на голем број јазици...
Три морничави трилери од Тереза Дрискол за љубителите на мистерии Киднапирање, закани, обид за убиство и семејни тајни... Писателката Тереса Дриск...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...
3 трилери што нема да ви дадат мир додека не ги завршите Љубителите на крими романи и трилери може да прочитаат неколку нови книги кои се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg