Читајте за опуштање

citajte-za-opustanje-povekjeИстражувањата покажале дека најдобар начин за опуштање и намалување на нивото на стресот – е читањето книги. Читањето е најефикасниот и...

 

...најбрз начин на опуштање во споредба со многу други методи како што е слушањето музика, шетањето ил пиењето чај.

Само 6 минути читање го намалува нивото на стрес за две третини.citajte-za-opustanje

Псохолозите веруваат дека тоа е така затоа што мозокот се концентрира на читањето и на тој начин ја намалува напнатоста во мускулите и срцето.

Ова истражување е спроведено на универзитетот Sussex, а на волонтерите им се мерело нивото на стрес и бројот на отчукувања на срцето, откако претходно биле подложни на определени тестови и вежби.

Откако ги преоптеретиле, волонтерите морале да испробаат различни техники на опуштање, а најефикасно се покажало читањето кое го намалило стресот за 68%.

Слушањето музика се покажало нешто помалку ефикасно кое го намалил стресот за 61%, шолја чај или кафе го намалил стресот за 54%, додека шетањето имало учинок од 42%.

Тоа не е само одвлекување внимание, туку активно учество на фантазијата, затоа што зборовите на страниците ја стимулираат нашата креативност и не наведуваат да влеземе во она што го нарекуваме – повисока состојба на концентрација.

Тоа најдобро се гледа во овие несигурни економски времиња, кога на сите ни треба определена количина бегање од стварноста.

„Навистина не е важно каква книга читате, најважно е да се соживеете со книгата и да заборавите на секојдневните грижи и стресови“ - објаснува невропсихијатарот David Lewis, кој го водел ова истражување.

Би можело да ве интересира:

„Лисица“ и уште 2 книги од Дубравка Угрешиќ кои вреди да се прочитаат Сте прочитале ли некогаш некоја книга од Дубравка Угрешиќ? Ако не, време е да се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg