Книги кои треба да ги прочитате пред да ги гледате филмовите во 2015-та
6. „The longest ride“ – Nicholas Sparks
Тој е еден од најпопуларните автори со врвни дела меѓу кои повеќето имаат и филмски адаптации кои се еднакво успешни како и книгите.
Ова е каубојска приказна за еден 91-годишен ветеран од Втората светска војна кој чувствува длабока болка за тоа што ја изгубил сопругата 9 години претходно.
Во главните улоги се: Скот Иствуд, Брит Робертсон и Алан Алда.
7. „Far from madding crowd“ – Thomas Hardy
Книга за времето од 1800-тата чија приказна нема рок на траење. Се работи за сериозна дама Батшеба, која е претставена како главна во околината и во која се вљубуваат тројца мажи. Но, тајните почнуваат да се откриваат откако таа ќе избере еден од нив.
Во главните улоги се Кери Мулиган, Мајкл Шин и Том Стариџ.
За останатите 3 филмови сè уште нема трејлери:
8. „Paper Towns“ – John Green
Типична приказна кога момче запознава девојка и се заљубува во неа. Но, тогаш девојката исчезнува и само му остава траги за да ја следи.
Девојката ја глуми Карла Делевињ, а момчето Нат Волф.
9. „Mockingjay“ – Suzanne Collins
Дури и ако сте ја прочитале стопати претходно, освежете си ја меморијата со одличната научнофантастична приказна која е главна инспирација за „The Hunger games“.
Во главните улоги се Џенифер Лоренс, Џош Хачерсон, Лиам Хемсворт и Вуди Харелсон.
10. „The Martian“ – Andy Weir
Приказна за човек кој конечно стапнува на Марс, но работите не се одвиваат според планираното и тој може да стане првиот човек кој умрел таму, после бура од прашина која ја принудува неговата екипа да се евакуира, а него да го остават.
Во главните улоги се: Мет Дејмон, Кејт Мара, Кристен Виг и Џесика Честејн.