Која книга треба да ја прочитате следна, според хороскопскиот знак?

Вага

Станува збор за луѓе кои ги привлекуваат приказните за магија, големи замоци и фантазија. Ги привлекуваат убави работи, но и убави приказни.

Тие сакаат книги што ќе им понудат бегство во некој друг, совршено отсликан поинаков свет, во кој ќе може целосно да се загубат.

Сигуени сме дека ќе им се допадне книгата: „Приказни од кафулето“ - Тошиказу Кавагучи

Во една затскриена уличка во Токио има кафуле кое повеќе од 100 години служи неповторливо кафе, а со тоа и едно неверојатно искуство – можност да се вратат во времето.

Најзначајно е дека треба да се вратиш во сегашноста пред да се излади кафето и дека не смееш да го менуваш минатото. Дали е разумно да се враќаш во времето ако не можеш да го промениш?

koja-kniga-treba-da-ja-prochitate-sledna-spored-horoskopskiot-znak-08.jpg

Скорпија

Важат за најнеразбраниот знак во Зодијакот и често се сметани за темни, окултистички ориентирани личности, но вистината е дека тие се длабоко емотивни луѓе, што сакаат четива кои максимално ја опишуваат длабочината на емоциите со кои се соочуваат ликовите во приказната.

Сигурно ќе им се допадне книгата: „Мачкино око“ – Маргарет Атвуд

Приказна за Илејн Рисли, контроверзна сликарка, која се враќа во Торонто, местото каде што го поминала детството.

Одеднаш живописните слики од минатото, ја враќаат на детството и на девојчето Корделија, која била предводник на 3 девојчиња кои кон неа се однесувале многу насилно, но и многу полезно.

koja-kniga-treba-da-ja-prochitate-sledna-spored-horoskopskiot-znak-09.jpg

Стрелец

Имаат силно чувстви за тоа што е правилно и што е погрешно. Важат за големи авантуристи и луѓе со голем број интереси, а им се допаѓаат книги во кои се зборува за славата, слободата и фасцинантни личности.

За нив одлични се биографските книги и приказни на славните и познатите.

Наш предлог е: „Бидете полезни“ – Арнолд Шварценегер

Биографија во која Шварценегер ги запознава читателите со неговите духовни алатки за духовно богат и осмислен живот.

Тој ја споделува својата приказна за да ни покаже како да ја создадеме посакуваната иднина.

koja-kniga-treba-da-ja-prochitate-sledna-spored-horoskopskiot-znak-10.jpg

Јарец

Како луѓе кои се постојано мотивирани да работат на себеси и да создаваат, тие сакаат да читаат книги кои ќе им дозволат да ги ослободат мислите и да се одморат.

Затоа им се допаѓаат лесни романи, во кои главниот протагонист самиот учи како да ја спознае сопствената моќ и да го постигне тоа што го посакува.

Предлог за читање: „Претскажано од ѕвездите“ – Ема Донахју

Медицинската сестра Џујлија Повер работи во неснабдена болница во центарот на градот во која родилките доживуваат страшен грип.

Тука доаѓаат две неприфатени личности – една докторка која ѝ бега на полицијата и една млада помошничка.

Ова е роман за наоѓањето на светлината на крајот на тунелот и за враќањето на надежта, тогаш кога мислите дека таа воопшто не постои.

koja-kniga-treba-da-ja-prochitate-sledna-spored-horoskopskiot-znak-11.jpg

Водолија

Важат за најуникатни луѓе во Зодијакот, кои не се задоволуваат со секојдневното. Затоа сакаат да читаат фантастични и научно-фантастични романи, или приказни со бунтовни ликови кои не прифаќаат да се придржуваат до нормите и до правилата.

Нивниот префинет вкус сигурно ќе биде задоволен со романот: „Човекот од високиот замок“ – Филип К. Дик

Култен роман на Филип К. Дик, којшто ни дава застрашувачки поглед на алтернативниот свет, во кој еден од сојузниците ја изгубил Втората светска војна.

Во оваа кошмарна дистопија, нацистите го заземаат Њујорк, Јапонците ја контролираат Калифорнија, а африканскиот континент практично не постои.

koja-kniga-treba-da-ja-prochitate-sledna-spored-horoskopskiot-znak-14.jpg

Риби

Слично како Раковите ова се сентиментални и емотивни луѓе, кои се постојано љубопитни и жедни за нови знаења.

Сакаат тажни приказни кои ќе ги натераат да се соочат со сопствените емоции и ќе ги натераат да почнат поинаку да го промислуваат животот.

Сигурно ќе им се допадне романот: „Хамнет“ – Меги О’ Ферел

Книга за бракот и семејството кои се опустошени од голема тага и загуба, но и портрет на едно тажно момче, чијшто живот останува заборавен, иако за неговото име случнал целиот свет.

koja-kniga-treba-da-ja-prochitate-sledna-spored-horoskopskiot-znak-14_2.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
За секого по нешто: 3 книги што треба да ги имате на полицата Издвојуваме по една книга за секого: За безнадежните романтичари што сакаат да ч...
3 одлични романи од македонски автори (за вистински љубители на книгите) Трогателни приказни со херои кои живеат на нашите простори. Приказни инспирирани...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg