„3 часа голотија и мизерија, каква навреда за Мерилин Монро“: Емили Ратајковски и јавноста остро го критикуваат филмот Blonde

„Уште еден филм кој ја фетишизира женската болка, дури и во смртта. Ја сакаме женската болка – опседнати сме со Ејми Вајнхаус, Бритни Спирс и смртта на принцезата Дијана“, вели Емили Ратајковски за новиот филм Blonde кој е всушност фикција инспирирана од најмрачните моменти од животот на Мерилин Монро.

izmislena-prikazna-shto-ja-eksploatira-merilin-monro-i-vo-smrtta-emili-ratajkovski-i-gledachite-ostro-go-kritikuvaat-filmot-blonde01.jpg

Иако Ана де Армас доби 14-минутна овација на Филмскиот фестивал во Венеција за изведбата во Blonde, јавноста најостро го критикува филмот, наводно бидејќи ја експлоатира Мерилин Монро, дури и по нејзината смрт.

Иако изгледа како биографски филм, дејството во Blonde е всушност фикција, а филмот е снимен според истоимената книга од авторката Џојс Керол Оутс.

За многумина, ова е најголемиот проблем, како и фактот дека филмот изобилува со непотребни експлицитни и вознемирувачки сцени кои го „оцрнуваат“ и онака трагичниот живот на Мерилин Монро.

Официјалниот трејлер за филмот:

Поради насилството и експлицитните сцени, возрасната категорија на филмот е NC-17 (No One Seventeen and Under Admitted), што значи дека не смее да го гледа никој помлад од 17 години, дури ни со придружба од возрасен.

izmislena-prikazna-shto-ja-eksploatira-merilin-monro-i-vo-smrtta-emili-ratajkovski-i-gledachite-ostro-go-kritikuvaat-filmot-blonde-05.jpg

Според јавноста, ова е „евтин маркетиншки трик“, бидејќи оваа возрасна граница ја поврзуваат со филмови кои имаат речиси порнографска содржина.

Дејството на филмот го опфаќа периодот од детството на Мерилин до нејзината смрт, но повеќето детали во филмот се измислени.

izmislena-prikazna-shto-ja-eksploatira-merilin-monro-i-vo-smrtta-emili-ratajkovski-i-gledachite-ostro-go-kritikuvaat-filmot-blonde-02.jpg

Според оние што го изгледале филмот, дејството се фокусира на најмрачните периоди од животот на актерката, но ги прави уште полоши и потрагични.

Некои истакнуваат дека во филмот изгледа како Мерилин самата да е виновна за сите трагедии со кои се соочила во животот, без разлика што ова не е точно.

izmislena-prikazna-shto-ja-eksploatira-merilin-monro-i-vo-smrtta-emili-ratajkovski-i-gledachite-ostro-go-kritikuvaat-filmot-blonde-08.jpg

На IMDb филмот има оценка 5.6 од 10, додека на Rotten Tomatoes им се допаднал на само 32% од гледачите.

На истиот веб-сајт, филмот има низок рејтинг и од професионалните критичари, односно им се допаднал на само 43% од оние кои го изгледале.

Помеѓу оние кои го напаѓаат филмот се и критичарите од New York Times и New Yorker, кои го нарекуваат филмот „агонија која трае скоро три часа“.

izmislena-prikazna-shto-ja-eksploatira-merilin-monro-i-vo-smrtta-emili-ratajkovski-i-gledachite-ostro-go-kritikuvaat-filmot-blonde-06.jpg

Дел од коментарите на гледачите:

„Како и обично, Холивуд уништи уште една икона. Наместо да ни раскажат и за лошите и за убавите мигови, тие се фокусирале само на лошите.

Што ја направило Мерилин толку голема ѕвезда? Па, нема да ви кажат во овој филм. Сè што ќе ви покажат е нејзината мизерија. А, вака ќе се чувствувате откако ќе го изгледате филмот – мизерно“.

„Три часа досада, а целиот фокус е врз таткото на Мерилин кој ја напуштил мајка ѝ пред таа да се роди. Филмот не нуди ништо ново.

Многу сцени во коишто е гола, неуспешните обиди да има дете, нејзината интелигенција е потценета, а се обрнува и многу внимание на нејзината зависност“.

izmislena-prikazna-shto-ja-eksploatira-merilin-monro-i-vo-smrtta-emili-ratajkovski-i-gledachite-ostro-go-kritikuvaat-filmot-blonde-10.jpg

„Мерилин Монро била експлоатирана додека била жива, а ја експлоатираат и сега, по нејзината смрт. Blonde е чиста експлоатација на жена која, едноставно, не можат да ја остават на мир.

Целиот филм е лекција за експлоатација. Се надевам дека ова дело е последен обид на некој да заработи пари извлекувајќи ја Мерилин од нејзиниот гроб. Доста е“.

„Зошто раскажувате измислени приказни за вистинска личност?“

„Каква навреда за Мерилин Монро“.

izmislena-prikazna-shto-ja-eksploatira-merilin-monro-i-vo-smrtta-emili-ratajkovski-i-gledachite-ostro-go-kritikuvaat-filmot-blonde-11.jpg

izmislena-prikazna-shto-ja-eksploatira-merilin-monro-i-vo-smrtta-emili-ratajkovski-i-gledachite-ostro-go-kritikuvaat-filmot-blonde-09.jpg

По бројните критики, и Емили Ратајковски го сподели нејзиното мислење. Таа смета дека филмот „ја фетишизира женската болка, дури и по смртта“.

Моделот вели дека никој не може да го фетишизира гневот, па затоа решила да ја покаже нејзината фрустрација.

„Слушам многу за филмот за Мерилин Монро, Blonde, кој уште го немам изгледано, но не сум изненадена да слушнам дека ова е уште еден филм кој ја фетишизира женската болка, дури и во смртта“, вели моделот во ТикТок видео.

izmislena-prikazna-shto-ja-eksploatira-merilin-monro-i-vo-smrtta-emili-ratajkovski-i-gledachite-ostro-go-kritikuvaat-filmot-blonde-03.jpg

„Ние сакаме да ја фетишизираме женската болка. Гледајте ја Ејми Вајнхаус, гледајте ја Бритни Спирс, гледајте ја нашата опсесија со смртта на принцезата Дијана, нашата опсесија со мртви девојки и сериски убијци.

Но, размислував, и знаете ли што е тешко да се фетишизира? Гневот. Па, имам предлог. Мислам дека сите треба да бидеме погневни. Ќе бидам многу гневна кога ќе го изгледам филмот, веќе го знам тоа“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови Гвинет Палтроу имаше само 26 години кога глумеше во Perfect Murder со тогаш 54-г...
Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg