10 филмови кои со нетрпение чека(в)ме да ги изгледаме до крајот на 2022 година
The Whale (9-ти декември)
Ова е филм на Дарен Аронофски што го врати Брендан Фрејзер на филмското платно.
Ѕвездата од The Mummy глуми маж со прекумерна тежина кој пробува да го подобри односот со неговата ќерка тинејџерка.
Avatar: The Way of the Water (16-ти декември)
Годинава конечно ќе имаме можност да го погледнеме долгоочекуваното второ продолжение на филмот Avatar.
Во вториот дел, Џек живее со неговото ново семејство на планетата Пандора, но повторно се заканува опасност.
Зое Салдана, Сем Вортингтон и Сигурни Вивер ги репризираат нивните улоги, а бидејќи режијата повторно е на Џејмс Камерон, можеме да очекуваме одличен филм.
I Wanna Dance with Somebody (21-ви декември)
Веројатно од насловот препознавте дека ова е биографски филм кој ја раскажува приказната на музичката ѕвезда Витни Хјустон.
Дејството го опфаќа периодот од животот на пејачката пред да се прослави, но и откако стана светски славна.
Glass Onion: A Knives Out Mystery (23-ти декември)
Продлжение на Knives Out од 2019 година кој се покажа како вистински хит.
Во филмот, Даниел Крег ја репризира својата улога на детектив кој пробува да реши заплеткан случај.
Покрај него, во филмот се појавуваат и Едвард Нортон и Кејт Хадсон.
Babylon (25-ти декември)
Babylon е комедија чие дејство е сместено во 1920-тите, а дури и да не знаете ништо за дејството, филмот ќе ве привлече со актерската екипа.
Дел од актерите кои се појавуваат се Бред Пит, Марго Роби, Тоби Мегваер, Ерик Роберс, Оливија Вајлд…
Главниот лик во филмот е млад Мексиканец кој пробува да се пробие во филмската индустрија додека работи како асистент.
Спирова С. | Црнобело