10 филмови кои со нетрпение чека(в)ме да ги изгледаме до крајот на 2022 година
Неколку продолженија, одличен наслов за Ноќта на вештерките и неколку оригинални приказни – до крајот на 2022-ра има едвај три месеци, но нè очекуваат многу возбудливи филмови.
2022-ра се покажа како мошне добра година за филмови.
Покрај филмовите со суперхерои и преработките на Дизни кои веќе се клише, се појавија многу адаптации и оригинални наслови кои навистина вреди да се изгледаат.
Кои се филмовите што со нетрпение ги чекаме до крајот на 2022-ра, а некои од нив веќе излегоа?
Blonde (23-ти септември)
Направен според книгата на Џојс Керол, Blonde е фикција инспирирана од животот на Мерилин Монро.
Од нејзиното детство, до светската слава и бројните врски, дејството на филмот изменува некои вистинити факти додека ја раскажува приказната на Мерилин Монро.
Во улога на позната актерка ја гледаме Ана де Армас која доби 14-минутна овација на Филмскиот фестивал во Венеција за изведбата.
Hocus Pocus 2 (30-ти септември)
Сестрите Сандерсон се враќаат во второто продолжение на култниот филм кој е идеален за Ноќта на вештерките.
Три девојки случајно ги враќаат сестрите-вештери во живот во градот Сејлем, па мора да најдат начин да ги запрат.
Најдобро е што Сара Џесика Паркер, Бет Мидлер и Кети Наџими ги репризираат улогите.
Black Adam (21-ви октомври)
Двејн Џонсон го глуми Black Adam – антагонист од стриповите на DC.
Тој бил заробен во гробница речиси 5.000 години, а откако ќе се ослободи, ќе проба да го поправи светот на свој начин.
The Menu (18-ти ноември)
Во оваа мрачна комедија, млад пар оди на далечен остров за да посети ексклузивен ресторан.
Ресторанот е во сопственост на познат готвач, а храната што им ја служи ја третира како модерна уметност.
Набрзо парот, но и останатите богати гости, остануваат шокирани од пристапот на готвачот.
Во главните улоги ќе ги видиме Ралф Фајнс, Ања Тејлор Џој и Николас Холт.
Pinocchio (9-ти декември)
Познатиот режисер Гилермо дел Торо направи помрачна верзија на детската бајка.
Филмот е адаптација на книгата на Карло Колоди и приказната ни е добро позната на сите, а режисерот користи stop-motion анимација која му дава посебна магија на филмот.