„Елвис“ и уште 5 ремек-дела на генијалниот Баз Лурман кои не смеете да ги пропуштите
Баз Лурман (59) е австралиски режисер, сценарист и продуцент, познат по специфичните стил и естетика при креирањето филмови. Продукцијата на проектите кои го носат неговиот потпис е секогаш скапа и раскошна, колоритот живописен и богат, ликовите длабоки, добро осмислени и остроумни.
Лурман е еден од најдобрите режисери во филмската историја, а годинава беше актуелен со автобиографскиот филм за Елвис Присли со Остин Батлер во главната улога.
Кои бајковити филмови на Лурман, покрај, Elvis, треба задолжително да ги изгледате барем еднаш во животот?
Elvis
Подемите, падовите и ѕвездениот статус на иконата на рокенролот, Елвис Присли, кој има прилично комплициран однос со неговиот енигматичен менаџер, полковникот Том Паркер.
Moulin Rouge!
Кристијан, англиски писател, патува во Париз за да ѝ се приклучи на Боемската револуција. Тој го посетува најголемиот ноќен клуб во градот, Мулен Руж, и се вљубува во неговата ѕвезда изведувачка и куртизана, Сатин.
Australia
Англиска аристократка патува во Австралија со цел да го спаси ранчот за добиток што го наследила.
Во процесот, таа се спријателува со локален жител по име Дровер кој ѝ помага да го оствари нејзиниот план.
The Great Gatsby
Ник Каравеј, ветеран од Првата светска војна, се сели во Њујорк со надеж дека ќе направи пресврт во животот и ќе постигне успех.
Тој е магнетски привлечен од мистериозниот Џеј Гетсби и неговиот раскошен начин на живот.
Romeo + Juliet
Ривалството меѓу двете добро етаблирани семејства во Верона, Капулети и Монтеки, влијае на односот на нивните деца Ромео и Јулија кои неочекувано се вљубуваат еден во друг, и покрај тоа што нивните семејства се крвни непријатели.
Strictly Ballroom
Романтична комедија за соништата од младоста и нивното остварување. Приказна за љубовта и конфликтот на двајца млади кои се борат за уметничка слобода против репресивниот режим.
(О)Милена | Црнобело