Премиера на филмот „Една пилула плус - еден килограм минус“
Краткиот, средношколски филм „Една пилула плус - еден килограм минус“ е најновата и последна активност на Центар Мултус од Гевгелија и ја третира темата за лесното „наседнување“ на медиумски манипулации, во случајот - нереални и лажни реклами за апчиња за слабеење.
Во филмот, млада девојка лесно поверува во нереални резултати за слабеење за рекорден рок и наидува на реклама која треба да ги исполни нејзините соништа за експресни резултати. Ваквите манипулации се доста чести, а особено се ефикасни кога бараме за да најдеме нешто што ќе ги поткрепи нашите верувања и пристрасни убедувања.
Во филмот учествуваат:
- Анастасија Шопова
- Тијана Ристовска
- Марија Калинова
- Александар Динев
Видеографер, колор обработка и графики:
- Мартин Стојанов
- Филмот се снимаше на локации во Гевгелија во текот на минатиот месец јануари. За потребите на овој филм, покрај големиот влог од талентите на вклучените ученици од основни и средни училишта од Гевгелија и Валандово, ангажиравме и млади професионалци кои придонесоа за подобра реализација на крајниот продукт.
Сценариото го пишуваше Сандра Ѓоргиева, како консултант за режија и пост – продукција ни помагаше Шенол Мехмед, а тонската обработка е од Марко Наумовски. Сите тројца имаат придонес кон македонската кинематографија, особено сега, во подемот на сериите во нашата земја. За тоа во кои здравствени услови ја реалзиравме оваа активност, сме пресреќни и благодарни на сите гореспоменати учесници, за големиот ентузијазам, посветеност и исполнителност.
Само со таква комбинација, плус со младоста и енергијата што ја придружува, успеавме да пренесеме уште на еден начин порака за внимателност од наседнување на медиумски манипулаци, кои ги има насекаде. Воедно, споивме ученици – аматери кои негуваат љубов и талент кон филмската уметност со млади професионалци кои им пренесоа дел од своите знаења и вештини.
Со тоа, се применува методот „Учење преку работење“, кој е доста ефикасен сегмент од информалното учење. Дополнително, третиравме тема која е секојдневно застапена и применлива и во различни ситуации, а отвора хоризонти од критичкото размислување кон дезинформациите и медиумските манипулации. Преку овој метод, полесно и посликовито се прикажува и доловува поента, која можеби, е здодевна како формулација. – изјава од Мултус.
Филмот е во продукција на Центар за едукација, култура и активизам Мултус, Гевгелија. Филмот е дел од проектот „Медиумска Диверзија“, како под-грантист на проектот „Отпор кон дезинформации и говор на омраза“ спроведуван од Македонски институт за медиуми, а поддржан од Европската унија.