10 филмови што ќе ве држат во неизвесност до крај и ќе ве остават без зборови (ќе сакате да ги гледате вторпат)
Arrival, Tenet и Moon се филмови чии пресврти тешко дека ќе ги предвидите и кои сигурно ќе сакате да ги погледнете уште еднаш за да ги разберете подобро.
Изминатава деценија најпопуларни се акционите филмови кои генерално се потпираат на сцените со бркање, пукање и тепање и обично немаат некое комплицирано дејство.
Ваквите филмови се одлични кога само сакате да се релаксирате и да го одморите мозокот.
Но, ако сакате филм со одлична приказна, непредвидливи пресврти и дејство што ќе ве држи во неизвесност до самиот крај, тогаш сте на вистинското место.
Следниве 10 филмови дефинитивно ќе ве остават без зборови:
The Truman Show
Труман Бурбанк ја има главната улога во најпопуларното реално шоу во светот, но тој не е ни свесен за тоа.
Од моментот кога се родил, јавноста го следи секој негов чекор и сите луѓе во неговиот живот се всушност актери. Градот во којшто живее Труман е само еден огромен, односно најголемиот сет за снимање во светот.
The Truman Show е филм кој ќе ве натера да се ставите во положбата на главниот лик и да се запрашате дали она што му се случува е воопшто хумано.
Arrival
Научно-фантастичното ремек-дело е многу повеќе од приказна за средба со вонземјани.
Кога на Земјата слетуваат неколку вонземски летала, на властите им станува јасно дека тие сакаат да комуницираат со човештвото. Па, врвните лингвисти од целиот свет имаат задача да го протолкуваат нивниот јазик.
Но, оваа задача не е воопшто лесна бидејќи овие вонземјани не го перципираат времето линеарно како нас, а тоа се одразува и врз нивниот јазик.
Дејството на филмот го следи искуството на позната лингвистка и нејзините обиди да го протолкува јазикот на вонземјаните, како и дел од нејзината животна приказна.
А, сигурни сме дека ништо нема да ве подготви за големиот пресврт.
The Sixth Sense
Малиот Кол има проблеми со психичкото здравје кои потекнуваат од фактот дека може да гледа мртви луѓе. Кол е како медиум помеѓу овој и „другиот“ свет и пробува да се справи со она што го гледа.
На помош му доаѓа детскиот психијатар Малколм Кроу кој се обидува да го разбере и сфати.
И овој филм има пресврт кој дефинитивно ќе ве остави без зборови.
Memento
Главниот лик Ленард има вид амнезија поради што ниту еден настан од неговиот живот не му останува во сеќавање. Поради ова, тој користи разни потсетници – од белешки во неговиот дом, па сè до тетоважи – со цел да знае што правел претходниот ден или пред неколку часа.
Последното сеќавање на Ленард е убиството на неговата сопруга, па тој е на мисија да го најде нејзиниот убиец.
Интересно е што дел од сцените во филмот не се хронолошки подредени и на почетокот ќе ви биде тешко да го следите, но штом ќе стигнете до крајот, сите делчиња ќе се вклопат и ќе ви се разјасни целата приказна на Ленард.
Fight Club
Главниот лик не е воопшто задоволен од неговиот живот, кога запознава необичен маж по име Тајлер.
Преку него, тој станува дел од подземен клуб – тепачки клуб (fight club) – кој набрзо ескалира во терористичка организација и почнува да организира напади.
Уште еден филм со неочекуван пресврт пред самиот крај кој сигурно ќе ве остави без зборови.