10 биографски филмови што мора да ги изгледате барем еднаш
Green Book (2018)
Топла приказна за неочекувано пријателство помеѓу пијанист Афроамериканец и Италијанец сместена во 1960-тите – период кога расизмот бил особено изразен во САД.
Италијанецот работи како возач и треба да го носи пијанистот на турнеја, но не е воопшто среќен што мора да работи за Афроамериканец. Сепак, за време на патувањето, и покрај сите разлики, тие се спријателуваат.
Главните улоги им припаѓаат на Виго Мортенсен и Махершала Али.
Molly’s Game (2017)
Вистинската Моли Блум дефинитивно имала живот како на филм.
Моли, која е поранешен олимписки скијач, почнува да ја води најекслузивната покер игра во САД каде што присуствуваат најбогатите и најмоќните луѓе, вклучувајќи и неколку познати личности. Постојат шпекулации дека Леонардо ди Каприо и Тоби Мегваер присуствувале на нејзините игри.
Нормално, сето ова е нелегално, па набрзо Моли го привлекува вниманието на ФБИ.
Во улога на Моли ја гледаме талентираната Џесика Честејн.
A Beautiful Mind (2001)
Филмот е инспириран од животната приказна на Џон Неш, брилијантен математичар и нобеловец кој има проблеми со асоцијалност.
Уште на почетокот од кариерата Џон постигнува многу и соработува со владата како криптограф.
Но, сето ова го прави параноичен и почнуваат да му се јавуваат сериозни проблеми со менталното здравје.
Dallas Buyers Club (2013)
Овде ќе ја видите можеби најдобрата изведба од кариерата на Џаред Лето, а покрај него се појавува и Метју Меконахи.
Дејството на филмот е сместено во 1980-тите во Далас, САД, а главните ликови се Рон и трансвеститот Рајон кои имаат СИДА.
Целта на Рон е да им помогне на другите лица кои ја имаат болеста да ја добијат потребната терапија, притоа прекршувајќи го законот.
Во меѓувреме, тој се зближува со Рајон и покрај тоа што е расист и хомофоб.
Неверојатна приказна која покажува дека сите луѓе можат да ги надминат разликите штом имаат заедничка поголема цел.
Tracks (2013)
Инспирација за одличниот филм е приказната на младата Австралијка Робин која во 1977 година тргнува на авантура. Целта на Робин е да ја помине пустината во Западна Австралија, односно пеш да изоди 2.700 километри и да стигне до океанот.
Друштво ѝ прават само нејзиното куче и четири камили, а храбрата девојка се одлучила на овој подвиг само за да стигне до океанот и да се пронајде себеси.
Неверојатна вистинска приказна која ќе ве натера да ја почнете потрагата по себе.
Спирова С. | Црнобело