Кандидатот за Оскар „Сестри“ е првиот македонски филм што ќе се прикажува на Netflix
Филмот „Сестри“ на младата македонска режисерка Дина Дума е првиот македонски филм што ќе се емитува на Netflix, истовремено овој филм е избран за национален кандидат за Оскар.
фото: KVIFF
Од петок (24.12) светската публика ќе има можност да го проследи и филмот „Сестри“, што воедно е и прво филмско остварување на Дина Дума (30).
Филмот имаше светска премиера на Филмскиот фестивал во Карлови Вари, а истовремено тој е избран и за национален кандидат за Оскар во категоријата за Најдобар Меѓународен филм.
Филмот ја следи приказната на две адолесцентни девојчиња чие пријателство е загрозено во мигот кога треба да се соочат со последиците од нивното манипулативно однесување.
„Сестри“ пред сè е сконцентриран на тинејџерите за кои поважно е да имаат повеќе следбеници на социјалните мрежи отколку тоа да стекнат вистински пријателства.
„Сестри“ се снимал во текот на 2019-та година на повеќе локации во Скопје.
Погледнете ја најавата за филмот во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело