10 филмови кои можат да го подобрат секој намуртен, дождлив ден
Некои филмови едноставно имаат способност да го подобрат лошиот ден. Есента ни донесе многу повеќе дожд од очекуваното, што за многумина значи стушно, лошо расположение.
Но, имаме 10 одлични филмски предлози што ќе ви нацртаат насмевка на лицето и ќе го претворат и најлошиот ден во пријатен:
Yesterday
Џек, музичар кој нема успешна кариера, доживува несреќа за време на страшна бура. Подоцна дознава дека тој е единствениот човек на планетата кој се сеќава на песните на култните Битлси.
https://www.youtube.com/watch?v=Ry9honCV3qc&ab_channel=Moviebill
The Peanut Butter Falcon
Човек со Даунов синдром бега од дом за нега на лица, со цел да го оствари својот сон да стане борач. Подоцна, тој се среќава со одметник кој станува негов личен пријател и тренер.
Chef
Откако ќе ја загуби работата во популарен ресторан, готвачот Карл Каспер се обидува да започне одново со поправање на стар камион во кој ќе готви и продава храна.
Sounds Like Love
30-годишнaта Макарена „Мака“ нема никаква идеја во која насока ѝ оди животот, додека го троши својот талент на позната инфлуенсерка. Заедно со двете најдобри пријателки, Химена и Адријана, прават сè што е можно за да најдат љубов и задоволство во Мадрид.
Crazy Rich Asians
Рејчел, универзитетски професор, со нетрпение очекува да го запознае семејството на нејзиното момче Ник. Сепак, таа се вознемирува кога дознава дека тој му припаѓа на едно од најбогатите семејства во Сингапур.