10 филмови кои можат да го подобрат секој намуртен, дождлив ден
Work It
18-годишната Квин работи напорно со цел да ги оствари своите соништа. Сепак, не успева да се запише онаму каде што посакува. Со цел да промени нешто, таа решава да се пријави на натпревар со танцување.
Queen Bees
Додека нејзината куќа се реновира, независната Хелен привремено се преселува во блиската пензионерска заедница. Но, таму наидува на група вдовици коишто се типични „злобни девојки“.
The Broken Hearts Gallery
Луси е уништена откако нејзиниот дечко раскинува со неа. Но, кога ќе се сретне со Ник, хотелиер, таа одлучува да создаде галерија каде што луѓето ќе можат да остават спомени од нивните минати врски.
A Rainy Day in New York
Приказната во стилот на Вуди Ален за двајца млади луѓе чии планови за романтичен викенд во Њујорк се расипуваат откако сончевата светлина се претвора во пороен дожд.
Misbehaviour
Во 1970 година, натпреварот за „Мис на светот“ се одржува во Лондон, а домаќин на вечерта е американската комична легенда, Боб Хоуп.
Тврдејќи дека натпреварите за убавина ги понижуваат жените, новоформираното движење за ослободување постигнува инстантна слава прекуноќ со инвазија на сцената.
(О)Милена | Црнобело