10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет
Ги обожаваме во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавината и возбудата на подводниот свет.
Навистина, постои нешто во големите океани и мориња што предизвикува чудесно воодушевување. Бескрајната широчина на сино-зелениот хоризонт е еднаква на магија.
На големото платно, океанот станува непобедена територија која за некој претставува мистерија и возбуда, а кај дел од луѓето буди oгромна доза на страв и непријатност.
Сепак, доколку сте љубители на подводниот свет, за вас издвоивме 10 филмови преку кои целосно ќе „нурнете“ во вашите каучи:
Jaws (1975)
Kласичната приказна за човекот наспроти природата која датира од 1975 година, и ден-денес сѐ уште продолжува да ја плени публиката.
Oвој филм е базиран на истоимениот роман на Питер Бенчли, кој доживотно бил фасциниран од ајкули.
The Abyss (1989)
Кога нуклеарна подморница се губи во морето, луѓето коишто работат во блиската нафтена платформа тргнуваат да ја побараат.
Станува збор за научно-фантастичен филм чии феноменални, визуелни ефекти се здобија со Оскар.
Deep Blue Sea (1999)
Во потрага по лек за Алцхајмерова болест (со користење мозок на ајкула) група научници се претвораат во плен, додека триото интелигентни ајкули го возвраќаат ударот.
The Perfect Storm (2000)
Спојувањето на Џорџ Клуни и Марк Волберг во еден филм веќе е повеќе од одлична работа.
Но, најдоброто нешто во врска со оваа застрашувачка, величествена и одлична приказна е нејзината улога на потсетник за тоа колку е непредвидлива природата.
Случувањата се базирани врз основа на вистински настани каде интензивната бура ги доведува морските рибари во страшна опасност.
Finding Nemo (2003)
Пиксар го поседува рецептот како никогаш повеќе да не гледаме на рибите на ист начин како претходно.
Татко заминува во спасувачка мисија откако неговиот син - плашлива риба е заробен во аквариум во стоматолошка ординација.