„Дедо и Внук“ на Илија Пиперкоски најдобар странски филм на престижниот Independent Film Awards во Лондон

Охрид/Скопје, 23. март 2021 година - По шест вредни награди на познати фестивали шурум светот, играниот филм „Дедо и внук“ на режисерот Илија Пиперкоски е прогласен за најдобар странски филм на престижниот Independent Film Awards во Лондон.

dedo-i-vnuk-na-ilija-piperkoski-najdobar-stranski-film-na-prestizhniot-independent-film-awards-vo-london-01.jpg

Лондонскиот независен филмски фестивал е британски филмски фестивал што се одржува секоја година во април. Со преку 1.000 пријавувања на филмови од повеќе од 50 земји, станува збор за еден од најреномираните фестивали на сцената. Се доделуваат признанија на филмови и сценарија од над 70 земји од целиот свет во над 20 категории, вклучувајќи играни и кратки филмови, документарци, студентски филмови, анимации, телевизиски реклами, музички видеа и натпревар за сценаристи.

dedo-i-vnuk-na-ilija-piperkoski-najdobar-stranski-film-na-prestizhniot-independent-film-awards-vo-london-06.jpg

Претходно „Дедо и Внук“ ја освои наградата за најдобра режија на The Buddha International Film Festival, наградата за „Најдобар филм“ на Интернационалниот Филмски Фестивал во Париз, а доби и две признанија за извонреден придонес во светот на филмот (Outstanding contribution to the world of Cinema) од 4-th Dimension Independent Film Festival и уште една награда на TIFF -Tagore International Film Festival во категоријата играни филмови. Досега две награди за фотографија освои и Директорот на фотографија, Патру Паунеску.

dedo-i-vnuk-na-ilija-piperkoski-najdobar-stranski-film-na-prestizhniot-independent-film-awards-vo-london-02.jpg

Режисерот Пиперкоски, кој го напиша и сценариото за филмот, раскажува прекрасна приказна, со која сите гледачи ќе можат длабоко да се идентификуваат - проблемите со здравството, политиката, корупцијата, но и обичните човечки приказни и односи момче-девојка, татко-син и дедо-внук.

dedo-i-vnuk-na-ilija-piperkoski-najdobar-stranski-film-na-prestizhniot-independent-film-awards-vo-london-04.jpg

Во филмот играат: Салаетин Билал, Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов и други актери. Продуцент е Огнен Антов од „Дрим фактори“, во соработка со: „Пандорас бокс продукција“ и „Елиен филм“ од Романија, и е финансиски помогнат од Агенцијата за филм на РСМ. Директор на фотографија е романецот Патру Паунеску, сценографијата е на Владимир Зафирковски, костимограф е Жаклина Крстевска, композитор Оливер Тевчев, а монтажата ја направи Данчо Стефков.

dedo-i-vnuk-na-ilija-piperkoski-najdobar-stranski-film-na-prestizhniot-independent-film-awards-vo-london-05.jpg

Би можело да ве интересира:

10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg