Елса, Покахонтас: Женски ликови од Дизни кои ги рушат сите стереотипи за жените
Мерида од „Brave“
За жал, многу луѓе уште веруваат дека улогата на секоја жена е да биде мајка и сопруга, но Мерида остро се противи на овие правила. Наместо да ја прифати традицијата и да се венча на 16 години, Мерида докажува дека е способна да се грижи за себе и дека не ѝ е потребен маж за да биде безбедна.
Бел од „Beauty and the Beast“
Бел е навистина инспиративен лик бидејќи докажува дека и жените се интелигентни и желни за знаење. Нејзе не ја интересира што мислат другите за неа и не се ни обидува да ги исполни туѓите очекувања. Таа дури и го ризикува нејзиниот живот, само за да го спаси татко ѝ.
Рапунзел од „Tangled“
„Tangled“ е навистина забавна верзија на познатата бајка за Рапунзел. На почетокот од филмот, Рапунзел е затворена во кула, но никогаш не губи надеж и успева да избега. Во текот на филмот таа докажува дека девојките воопшто не се беспомошни, па дури и неколкупати го спасува главниот машки лик.
Мегара од „Hercules“
Мегара е еден од најреалистичните женски ликови. Таа дури и кажува со какви сè проблеми се соочуваат жените, нагласувајќи дека мажите не знаат да прифатат „Не“ за одговор. На крај, Мегара е доволно храбра за да жртвува буквално сè за она што ѝ значи најмногу.
Спирова С. | Црнобело