Елса, Покахонтас: Женски ликови од Дизни кои ги рушат сите стереотипи за жените
Долго време жените, без разлика дали во цртан или филм, беа претставувани како беспомошни личности на кои секогаш им е потребна помош, најчесто од маж.
За среќа, ова почнува да се менува, па сега, дизниевите женски ликови се хероини во секој поглед. Тие се независни, слободни и храбро ги следат своите соништа и цели – одлики кои се одличен пример за сите мали девојчиња.
Овие ликови конечно се ослободени од стереотипите што ги прогонуваат жените и не дозволуваат да бидат дискриминирани.
Погледнете кои хероини на Дизни можат и треба да бидат инспирација за девојчињата ширум целиот свет:
Елса од „Frozen“
„Frozen“ стана омилениот анимиран филм на многу деца ширум светот. Главниот лик, Елса, станува кралица по смртта на нејзините родители и успева да ги сруши сите стереотипи што ги знаевме за принцезите и жените. На Елса не ѝ е потребен принц, туку таа самата се спаси не само себеси, туку и нејзиното кралство и нејзината сестра.
Мулан од „Mulan“
Мулан е еден од првите женски ликови на Дизни кои покажаа колку силни можат да бидат жените. Во цртаниот, таа се преправа како маж и оди во војна, само за да го поштеди нејзиниот повреден татко. Мулан докажа дека жените се исто способни колку мажите, ако не и повеќе, да направат огромна разлика.
Моана од „Moana“
Моана има авантуристички дух и храброст на која би завидел секој. Откако сфаќа дека нејзиниот народ го очекува пропаст, Моана сама тргнува на пат преку океанот за да најде решение. Подоцна ѝ се придружува и богот Мауи, но во повеќето ситуации Моана изгледа посилно и поразумно и од него.
Покахонтас од „Pocahontas“
Покахонтас е уште една девојка со авантуристички дух која се бори против стереотипите. Таа е ќерка на поглаварот на нејзиното племе и се бори за да го спаси со иста жестокост како и мажите околу неа.