10 одлични филмови со кученца кои ќе ве насмеат и расплакаат истовремено
Доколку сте во потрага по прекрасен филм кој може да го гледате со семејството и преку кој ќе доживеете најразлични емоции – смеа, радост, тага, солзи, тогаш филм со најомилено домашно милениче е дефинитивно вистинскиот избор за нас.
Речиси и да не постои човек кој не ги обожава филмовите со кученца … за вас имаме 10 одлични предлози. Уживајте во семејната, филмска вечер:
The Art of Racing in the Rain (2019)
Дени е надежен Формула 1 возач кој еден ден неочекувано ќе постои кученце од расата златен ретривер. Кучето Ензо, како и неговата сопруга Ив и ќеркичката Зои стануваат трите централни точки во животот на Дени. Прекрасна, емотивна приказна исполнета со многу љубов и солзи.
A Dog’s Purpose (2017)
Во различни временски периоди, со различни сопственици во секој од нив, кучето кое е главен лик во приказната се обидува да ја пронајде својата цел и смислата на кучешкиот живот.
Hachi: A Dog’s Tale (2009)
Паркер Вилсон е универзитетски професор кој вдомува улично куче. Со текот на времето тој формира нераскинлива врска со кучето.
A Dog’s Journey (2019)
Уште едно кученце што ја пронаоѓа смислата на својот живот преку луѓето коишто ги запознава во текот на истиот.
The Call of the Wild (2020)
Работен според истоимениот роман на Џек Лондон, „Повикот на дивината“ ја раскажува приказната за Бак и неговото патешествие од Калифорнија до суровите, диви предели на Алјаска во текот на 1890-тите.