Браќата Манаки и уште 4 семејни тандеми што оставија голем белег во филмската индустрија
Браќата Манаки се првите филмски сниматели на Балканот и, на некој начин, ги поставија темелите за филмската индустрија на овие простори - кои други браќа (и сестри) оставија важен белег во кинематографијата?
„Крвта не е вода“, велат многумина. Се чини дека има вистина во тоа, барем судејќи според браќата (и сестрите) кои заедно прават филмови.
Ова се најпознати семејни филмски тандеми:
Сестри Вачовски
Родени како Лоренс и Ендрју, Вачовски се најпознати по филмскиот серијал Matrix.
Имаат работено како сценаристи и продуценти на V for Vendetta, а ги режираа и филмовите Cloud Atlas, Jupiter Ascending и серијата Sense8.
Во меѓувреме претрпеа голема лична транзиција и го променија полот, па се сега познати како сестри Лана и Лили Вачовски.
Браќата Коен
Џоел и Итан се веројатно најзначајното братско режисерско дуо.
Ова го потврдија со 13 номинации за Оскар, од кои добија статуетки за најдобро оригинално сценарио за Fargo, и најдобар филм, режија и адаптирано сценарио за No Country for Old Men.
Браќата Лимиер
Огист Мари Луј Николас и Луј Жан оставија белег во историјата на филмовте засекогаш.
Имено, тие се првите режисери и креатори на пресвртници во развивањето на филмската уметност.
Огист студирал хемија, а Луј физика. Користејќи го своето знаење, тие ја измислиле првата камера.
Браќата Дарден
Жан-Пјер и Лук се белгиско дуо, високо ценето во светот на филмската уметност. Првата голема награда што ја освоија беше Златната палма за филмот Rosetta.
Вториот пат кога ја освоија истата награда беше за филмот L’Enfant.
Покрај филмовите, браќата се препознатливи по нивните левичарски погледи, со посебен фокус на луѓето од работничката класа.
Браќа Манаки
Браќата Манаки се првите филмски сниматели на Балканот и, на некој начин, ги поставија темелите за филмската индустрија на овие простори.
Покрај работата во фотографското ателје и снимањето со филмската камера, браќата Манаки се занимавале и со киноприкажувачка дејност во нивното кино „Манаки“, кое било отворено од 1921 до 1939 година.
Ашера | Црнобело