10-те најдобри комедии на Адам Сендлер кои оставија траг во филмската индустрија
Не постои сомнеж дека станува збор за еден од најдобрите комедијанти на сите времиња.
53-годишниот маестрален актер глуми во дури 18 филмови кои имаат заработено повеќе од 100 милиони долари ширум светот, почнувајќи од 1995-та година со спектакуларниот „Били Медисон“.
За него се вели: „Критичарите го мразат, но публиката го обожава“.
Во 2019-та година, Адам Сендлер одбележа 30 години од својата филмска кариера.
Во продолжение ви ги издвојуваме 10-те најдобри комедии на Адам Сендлер кои ќе ве насмеат до солзи:
1. „Billy Madison“, 1995
Филмот со кој Сендлер се прослави и ги започна своите непрекинати успеси.
Били Медисон е син на богат хотелиер. Тој својата младост ја поминува покрај базенот со многу пиво и списанија со голи жени, водејќи несериозен живот.
Еден ден, неговиот татко одлучува дека Били треба да ја преземе својата „империја“.
За да се докаже дека е способен да го стори тоа, Били треба да го заврши целото основно училиште за неколку месеци, во спротивно богатството на неговиот татко ќе прејде во рацете на друг човек.
2. „Big Daddy“, 1999
Веројатно повеќето од вас се сеќаваат на овој филм во кој главните улоги ги сочинуваат Сендлер како Сани и русокосото, неодоливо момче Џулијан.
32-годишниот Сани го поминува својот живот избегнувајќи одговорност сѐ додека неговата девојка не го напушта за постар човек.
Тој станува свесен дека мора да најде начин со кој ќе докаже дека е подготвен да порасне.
Сани посвојува 5-годишно преслатко момче по име Џулијан, со цел да ја импресионира својата поранешна девојка, но работите излегуваат надвор од контрола и тој не може да го врати детето.
Оттука почнува прекрасната врска помеѓу двајцата главни ликови.
3. „Mr. Deeds“, 2002
Адам Сендлер во улога на Дидс има пицерија и живее скромно во мал град каде сите го обожаваат.
Неговиот тивок, идиличен живот ќе го разбуди веста дека всушност тој наследил 40 милијарди долари и влијателна медиумска империја од неговиот вујко.
Тој покрај овој предизвик ќе се соочи со најубавото чувство на светот: љубовта.
4. „50 First Dates“, 2004
Овојпат, Адам Сендлер го гледаме во улогата на Хенри, ветеринар кој се за заљубува во Луси, прекрасна русокоса која страда од краткорочно губење на меморијата.
Луси постојано заборава дека воопшто некогаш се сретнала со него, такашто Хенри повторно и повторно, на секакви начини се обидува да ја освои и нивната љубов да трае засекогаш.
5. „Click“, 2006
Во овој филм, Мајкл (Адам Сендлер) е човек кој е сосема опседнат со својата работа.
Поради тоа, секојдневно запаѓа во конфликто со својата сопруга, сè додека не се сретне со ексцентричен пронаоѓач (Кристофер Вокен) кој му дава универзален далечински управувач што го контролира времето.
Најпрвин, тој „среќно ги прескокнува“ за него досадните сегменти, сѐ дури не сфати дека далечинскиот управувач го контролира неговиот живот, такашто тој учи да ги негува сите скапоцени моменти со семејството.