Голем успех за краткиот филм “Налепница” на Унковски, во официјална конкуренција на Санденс!

Краткиот филм „Налепница„ по сценарио и режија на Георги М. Унковски, во продукција на Синема Футура, а финансиран од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, e избран во официјалната селекција на Sundance 2020.

golem-uspeh-za-kratkiot-film-nalepnica-na-unkovski-vo-oficijalna-konkurencija-na-sandens-01.jpg

Филмот на Унковски е во редот на 74 кратки филмови кои влегоа во официјалната селекција од вкупно 10 397 пријавени филмови, меѓу кои 4992 биле од САД, а 5405 биле од други земји. „Налепница„ ќе има  три проекции на 24,28 и 30ти  Јануари - во Парк Сити, и една на 25ти во Солт Лејк Сити во Јута.

Публиката кај нас во изминатиот период имаше можност да ја погледне црната комедија, во која главниот лик по неуспешниот обид да ја обнови својата сообраќајна дозвола, тргнува на пат и запаѓа во серија бирократски проблеми.

golem-uspeh-za-kratkiot-film-nalepnica-na-unkovski-vo-oficijalna-konkurencija-na-sandens-02.jpg

golem-uspeh-za-kratkiot-film-nalepnica-na-unkovski-vo-oficijalna-konkurencija-na-sandens-03.jpg

golem-uspeh-za-kratkiot-film-nalepnica-na-unkovski-vo-oficijalna-konkurencija-na-sandens-04.jpg

Филмот се снимаше 6 дена на повеќе локации низ Скопје. Исто како и во првенецот на авторот, краткометражниот филм „Пепи и Муто“, главната улога и овој пат му припадна на Сашко Коцев, а покрај него настапуваат Мони Дамевски, Џевдет Јашари, Љупчо Тодоровски – Упа, Соња Стамболџиоска, Димитрија Доксевски, Калина Димитриовска, Анастасија Аневска и Матеј Настевки. Директор на фотографија е Наум Доксевски,  сценографијата е на Кирил Спасевски, за костимите се погрижи Розa Трајческа, додека за маската и шминката на главниот лик беа одговорни Снежана Ангеловска и Ирена Сенокозолиоска. Монтажата е на Мартин Иванов, а дизајнот на звук е на Сашко Потер Мицевски. Продуцент е Иван Унковски, извршни продуценти Марија Димитрова и Горан Ацевски. 

golem-uspeh-za-kratkiot-film-nalepnica-na-unkovski-vo-oficijalna-konkurencija-na-sandens-05.jpg

Георги М. Унковски е роден 1988 година, во Њујорк. Студирал фотографија на Институтот за технологија во Рочестер, САД, а магистрирал режија на FAMU во Прага, Република Чешка. 

golem-uspeh-za-kratkiot-film-nalepnica-na-unkovski-vo-oficijalna-konkurencija-na-sandens-06.jpg

Санденс Филмскиот Фестивал е организиран од Санденс Инситутот и се одржува секоја година во месец Јануари во Парк Сити и Солт Лејк Сити во Јута, САД и е најголемиот фестивал на независни филмови во Северна Америка а негов патрон е Роберт Ретфорд.

golem-uspeh-za-kratkiot-film-nalepnica-na-unkovski-vo-oficijalna-konkurencija-na-sandens-07.jpg

Минатата година три награди во категоријата документарни филмови подигна уште еден македонски филм –  Honeyland! 

Ce радуваме на успесите на македонскиот филм!

Би можело да ве интересира:

10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...
10 филмови кои ќе „ви прават друштво“ кога се чувствувате осамено The Martian, Her, Cast Away – постојат бројни филови каде што главните ликови се...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg