7 филмови посветени на познати сликари кои треба да ги изгледате
Изведбата на Вилем Дафо како Винсент ван Гог е маестрална во At Eternity's Gate, додека Салма Хајек ќе ве натера да помислите дека гледате во вистинската Фрида Кало во Frida.
Креативноста и начинот на животот на познатите сликари секогаш привлекува посебно внимание кај публиката.
Постојат филмови (повеќе и помалку успешни) посветени на најпознатите сликари на светот и нивниот хектичен и раскалашен живот.
Ова се 7 филмови посветени на познати сликари кои треба да ги изгледате:
Andrei Rublev
Прославениот руски режисер, Андреј Тарковски, ја прикажува животната приказна на сликарот од петнаесеттиот век - Андреј Рубљов.
Дејството на филмот се фокусира на политички и религиозен конфликт во Русија, додека во центарот на дејствието е уметникот кој слика икони.
Caravaggio
Режисерот Дерек Џарман го прикажува познатиот барокен сликар на свој карактеристичен начин.
Затоа, филмот не е типична биографска приказна за животот на сликарот, туку необична интерпретација на фиктивни настани.
Mr. Turner
Дејството на филмот го следи животот, а пред сè работата, на еден од најпознатите британски сликари - Вилијам Тарнер.
Мајк Ли убедливо го прикажува специфичниот карактер на уметникот, кој во филмот го глуми Тимоти Спал.
At Eternity’s Gate
Постојат многу филмови за холандскиот пост-импресионистички сликар, што е тешко да се издвои еден.
Сепак, во оваа пригода го свртуваме вниманието кон филмот од 2018-та посветен на дотичниот уметник.
Филмот на Џулијан Шнабел совршено ги меша лудилото и креативноста, а Вилем Дафо го глуми ван Гог маестрално.
Klimt
Раул Руиз успешно успеал да го долови поетскиот портрет на уметникот во својот филм.
Дејствието се одвива низ серија сеќавања, во време кога Климт лежи во болница, смртно болен.
Густав Климт го глуми Џон Малкович.
Surviving Picasso
Во овој случај, филмот се фокусира повеќе на љубовниот живот на уметникот, иако и неговата креативност е апсолутно неопходен дел од приказната.
Ентони Хопкинс го глуми суровиот Пабло Пикасо, кој ја покажува сложената личност на славниот сликар.
Frida
И, конечно, филм за жена-уметник, во режија на жена.
Џули Тејмур го прикажува тешкиот и комплицираниот живот на мексиканската сликарка Фрида Кало, што ја глуми Салма Хајек.
Ашера | Црнобело