5 филмови во кои триумфира злото
Постои стереотип за холивудските филмови, според кој тие секогаш треба да ја следат истата формула.
Главниот лик на почетокот се соочува со проблемот, потоа се обидува да го надмине, но набргу следат првите разочарувања и сомнежи во неговата способност, за на крајот да успее да победи и да го „спаси светот“.
Сепак, постојат и многу филмови во кои позитивните ликови ја губат војната со негативците, а многу од овие наслови спаѓаат во филмски класици.
Ова се 5 филмови во кои триумфира злото:
1. „Seven“ (1995)
Ова е вториот филм на познатиот режисер Дејвид Финчер, со Бред Пит, Морган Фримен, Гвинет Палтроу и Кевин Спејси во главната улога.
Се работи за трилер во кој двајца полициски детективи се обидуваат да го пронајдат серискиот убиец, кој ја поврзува секоја жртва со еден од смртните гревови.
2. „No country for old men“ (2007)
Модерен вестерн на браќата Коен со освоен Оскар за најдобар филм во 2008 година.
Се работи за адаптација на романот на Кормак Мекарти, кој зборува за човек кој случајно наиде на торба полна со пари во пустината, по масакрот меѓу бандите, и психотичниот убиец, кој треба да ги врати парите.
3. „Avengers: Infinity War“ (2018)
Филмот „Avengers: Endgame“ генерално се смета за достоен крај на сагата на популарните суперхерои на Марвел. Неговиот претходник (Infinity War), пак, изненади со својот мрачен крај.
Нема да ви откриеме што точно главниот негативец, Танос, сторил пред крајот на првиот дел од приказната.
4. „Chinatown“ (1974)
Ретко кога бевме толку изнервирани како по гледањето на филмот „Chinatown“, во кој главниот негативец на крај се извлекува.
За овој филмски жанр, тоа не е толку атипично, но тоа само ни кажува колку е драматично убедлива оваа криминална приказна со Џек Николсон, Феј Данавеј и Џон Хјустон во главните улоги.
5. „Hereditary“ (2018)
Ова е семејна приказна полна со вештерки, демони и други натприродни феномени. Со такви протагонисти не беше тешко да се претпостави дека на крајот на овој филм ќе победи злото.
Ашера | Црнобело