„Паметни“ тинејџерски филмови кои вреди да ги изгледате
Филмовите, во кои тинејџерите се поставени во центарот на дејствието, се создадени за забава. Карактерите се површно напишани, со често вградени постоечки модели, како глупави спортисти, лоши навивачки и смешни, „грди" бубалици.
Дијалозите се полни со вулгарни шеги, кои се повторуваат во, речиси, секој филм, а дејствието е најчесто фокусирано на грубиот свет на средното училиште.
Поради ова добиваме впечаток дека сите тинејџери се слични, дека не можат да се изборат со посериозни теми и дека се површни.
Ова е листа на шест „паметни“ филмови за тинејџери која нуди поразлична и помалку стереотипна слика:
1. Lady Bird (2017)
Филм номиниран за пет категории за Оскар и освојувач на Златен глобус. Иако дејствието на филмот има некои предвидливи елементи и неколку стереотипни ликови, филмот се издвојува, бидејќи фокусот се става на односот на родителот и детето.
2. Juno (2007)
Како и Lady Bird, Џуно се чувствува несреќно во местото во кое живее. Таа е ексцентрична шеснаесетгодишна девојка која останува бремена. Овој филм доживеа многу измешани критики. Некои сметаат дека се работи за површен филм, додека другите сметаат дека филмот е емотивен и интимен.
3. The Perks of Being Wallflower (2012)
Ова е многу искрен филм, обоен со меланхолија и зачинет со одличен саундтрак, кој на многу начини објаснува зошто адолесценцијата е една од најубавите ери во животот.
4. Ghost World (2001)
Филм во кој централното дејствие е пријателството меѓу главните хероини - Инид и Ребека. Најголемата вредност на филмот лежи во многу детално, но ненаметливото претставување на очекувањата.
https://www.youtube.com/watch?v=4WmCBRkWJ54
5. Donnie Darko (2001)
Жанровски одреден како научно-фантастичен филм, Дони Дарко е слоевита приказна која зборува за адолесценската потрага кон идентитетот и стравот од осаменоста.
6. The Virgin Suicides (1999)
Филмското деби на Софија Копола, еден од оние филмови кои носат скриена сила и остануваат со гледачот долго по гледањето.
Ашера | Црнобело