7 филмови и серии кои ги надминаа книгите според кои се снимени

Читателите обично не се задоволни кога се прават филмски или телевизиски екранизации на нивните омилени книги. Секогаш нешто недостасува во адаптацијата. Постојат и примери на екранизации кои додаваат нешто ново во своите верзии, што можеби го нема во книгата. Се верува дека ниту еден филм не може да ја достигне длабочината на книгата, како што не може верно да го прикаже светот што писателот го создал. Но, дали е секогаш така?

7-filmski-ekranizacii-gi-nadminaa-svoite-knigi-01.jpg

Кога еден талентиран режисер стои зад адаптацијата, приказната може да добие нов облик, а понекогаш и да стане поинтересна од книгата.

Неколку примери за екранизации кои ги надминаа своите книги:

Ready Player One (2018)

Ернест Клајн го напиша својот роман за оние кои ја разбираат поп-културата на видеоигрите, како и поп-културата на 1980-тите. Стивен Спилберг ја адаптира оваа приказна и ја направи поразбирлива и пологична за пошироката публика.

Исто така им оддаде признание на популарните филмови, како што се „Terminator 2", „Back to the future“, „The Shining“, "A Nightmare on Elm Street“ и други.

Филмот го надополнуваат неверојатните специјални ефекти и алузии.

The Light Between Oceans (2016)

Романот на авторката М.Л. Стедман е типичен пример за драма. Во него ќе пронајдете љубов, семејна историја и ликови соочени со тешки избори.

Сепак, многу читатели тврдат дека книгата е премногу мелодраматична и сентиментална.

Режисерот Дерек Сианфренс во својата адаптација успева да ги отстрани лошите страни на приказната, а главните ликови се многу верно презентирани.

American Gods (2017)

Романот на Нил Гејман за постоењето на старите и новите богови во современата Америка и нивната борба за опстанок е неверојатна и повеќеслојна приказна.

Токму комплексноста на романот може да ги одбие неискусните читатели.

Серијата, за разлика од книгата, дава појасни индикации за вистинската природа на ликовите и содржи повеќе митски алузии.

Belle & Sebastian (2013)

Прекрасниот роман на Сесил Обри е полн со позитивна енергија, а зборува за искуствата на шестгодишниот Себастијан и неговото куче, Бела.

Живописните пејзажи, пријатната музика и приказна полна со добрина и топлина (и покрај тоа што се одвива за време на Втората светска војна) заедно прават еден одличен филм.

It (2017)

Екранизацијата од 2017 година додаде напнатост во легендарната приказна на Стивен Кинг.

Режисерот Енди Мускјети успеа да создаде вистински класичен хорор филм за античкото зло кое демне над еден мал град, со интересен, импресивен заплет.

Треба да се спомене и извонредната изведба на Бил Скарсгард, чијашто глума била толку убедлива, што ги исплашил своите млади колеги кога првпат го виделе.

Gone Girl (2014)

Адаптацијата на Дејвид Финчер претставува психолошки трилер со елементи на драма која го задржува вниманието на гледачите од почеток до крај.

Додека ја гледате оваа семејна драма, вие сте принудени да погодите кој е криминалецот, а кој е жртвата.

Fantastic Beasts and Where to Find Them (2016)

Книгата претставува прирачник за магични суштества, без никаков заплет. Пуштена е во продажба за добротворни цели, како додаток на серијалот Хари Потер.

Врз основа на оваа книга се создаде нова приказна која го опишува светот на магијата пред раѓањето на Хари Потер.

Првично овој филм бил замислен како прв дел од трилогијата, но продуцентите решиле приказната да се развие преку пет филмови.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
10 носталгични филмови што ќе ве вратат во (средно)школските денови Никогаш нема да погрешите со Mean Girls, а ако сакате филм со посериозна тема, и...
Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови Гвинет Палтроу имаше само 26 години кога глумеше во Perfect Murder со тогаш 54-г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg