Изгледајте го најстариот цртан филм - „Фантазмагорија“
Имагинативниот свет, полн со бои и авантури, чудовишта, херои и разбојници, е дел од големата креативна машина од која произлегува цртаниот филм. Првите анимирани филмови, кои ги нарекуваме цртани филмови, почнале да се прикажуваат во последната деценија на 19-от век.
Меѓутоа, пред 1910 година и појавата на смешните ликови, публиката повеќе претпочитувала вистински филмови. Баш поради тоа анимираните филмови најчесто биле пуштани во кината пред да започне играниот филм, како некој вид на краток вовед.
Најстариот цртан филм, наречен „Фантазмагорија“, е снимен во Франција во 1908 година. Овој филм се смета за прв цртан филм во историјата, првенствено поради традиционалната анимација на рачно цртани филмови.
„Фантазмагорија“ е создадена со цртање на секој фрејм на хартија, која потоа се ставала на негатив. Оваа техника дава изглед на црна табла на која се цртаат ликовите.
За време на цртаниот филм може да се види и раката на режисерот, Емил Кол, која ги оживува карактерите.
Во цртаниот се изменуваат 700 цртежи, а истиот трае помалку од две минути. Дејството на цртаниот филм вклучува два лика и серија на трансформации на различни предмети.
Цртаниот филм треба да се гледа репетитивно, бидејќи движењата често се премногу брзи.
Со својот фантастичен стил, кој бил уникатен и невиден во тоа време, „Фантазмагорија“ е ремек-дело кое го предвидува надреалистичкото движење на иднината.
Токму овој цртан ја отвори вратата на идните анимирани проекти. Анимацијата со текот на времето стана нова алатка за создавање филмови, а како таква е и дел од современата поп-култура.
Изгледајте го првиот цртан филм некогаш направен:
Ашера | Црнобело