Новогодишни филмови кои никогаш нема да ни здодеат
Дедо Мраз, новогодишни украси, подароци и романтични средби, овој период од годината е неверојатен, зарем не? Плус, некој ваков филм и сè ќе биде совршено!
Нова година некако ни ја топли душата. Сијалички на сите страни, вкусни специјалитети, празнична еуфорија.
Иако, на комплетната слика годинава недостига снег, мора да признаеме дека ова е навистина прекрасен период.
Некои безвременски филмови навистина мора да се погледнат во овој период:
The Holiday (2006)
Празничната еуфорија владее, но таа не допира до две разочарани жени. Сепак, кога по грешка едната ќе заврши на одмор во снежната Англија, а другата во сончевата Калифорнија, работите тргнуваат во сосема поинаков правец.
Love Actually (2003)
Во светот владее љубовта, а тоа особено се чувствува околу Нова година. И не е важно дали сте премиер, љубоморна сопруга, писател, стар рокер или вдовец, неочекуваните ситуации се случуваат секаде и секому, особено во овој период од годината.
Home Alone 2: Lost in New York (1992)
Авантурите на Кевин продолжуваат. Според традицијата, тој повторно е изгубен на празничната ноќ. Но, нема причина за тага, особено ако сте во Њујорк и во чантата ја имате кредитната картичка на татко ви.
Enjoy Your Bath (1976)
Забавни ситуации, прекрасни лукови, мелодични песни и вечната приказна за љубовта. Овој филм е задолжителен во предновогодишниот период.
New Year's Eve (2011)
Романтична комедија со низа настани што се случуваат токму на новогодишната ноќ. Познат пејач ја среќава старата љубов, а осамена жена брза да си купи прекрасен фустан. Магијата на празниците носи интересни средби.