Новогодишни филмови кои никогаш нема да ни здодеат
You've Got Mail (1998)
Дописките на еден дечко и девојка не им се мешаат во личниот живот. Кејтлин има момче, а Џои среќава девојка. Кејтлин работи во книжарница, но тогаш Џои одлучува да креира огромна книжарница и случувањата започнуваат вртоглаво.
Miracle on 34th Street (1994)
Сузан не верува во Дедо Мраз затоа што мајка ѝ одамна ѝ ја кажа вистината, но таа сепак на листата желби напиша дека сака нов дом, татко и мало братче. Но, ако знае дека чуда не се случуваат, тогаш кој е тој стар дедо со бела брада што го сретна една продавница во Њујорк?
https://www.youtube.com/watch?v=lo5OmGDjZEQ
Christmas Vacation (1989)
Понекогаш Нова година и Божиќ се идилични, но понекогаш се случуваат турбулентни настани. Едно семејство сакаше мирно да ги мине празниците со декорирање на куќата, приготвување на мисирка и китење на дрвото, но тогаш започна комедијата.
Nativity (2009)
Професорот Пол некогаш се обидел да стане актер во театар, но не успеал. Но, овој песимист запознава девојка во празничната сезона и работите се менуваат.
С. С. | Црнобело