10 безвременски психолошки трилери што задолжително треба да ги погледнете
Shutter Island (2010)
Леонардо ди Каприо е еден од најдобрите актери на денешницата глуми Маршал кој го истражува исчезнувањето на еден убиец, кој избегал од болница за криминално болни луѓе.
Филмот ќе ве натера да се сомневате во реалноста и ќе остави длабок простор за размислување откако ќе го изгледате.
Fight Club (1999)
Еден од најдобрите филмови според критичарите, воопшто.
Филмот се одвива околу еден канцелариски работник кој бара начин да го промени своето секојдневие и се запознава со еден изработувач на сапуни, со кој заедно формираат подземен „клуб“ каде луѓе, доаѓаат да се ослободат од стресот и гневот на секојдневието.
Дејството во филмот постепено се интензивира и кулминацијата дефинитивно ќе предизвика чувство на неверување и збунетост.
The Usual Suspects (1995)
Приказната ја следиме преку исказот на единствениот преживеан по една страшна престрелка на брод, а настаните започнуваат од моментот кога пет криминалци се донесени на (случаен) распит во полицијата.
Култната сцена каде се открива вистината е еден од највпечатливите моменти од филмовите кои спаѓаат во оваа категорија.
The Prestige (2006)
Филмот ја следи приказната на двајца магионичари кои се во константен натпревар за тоа кој ќе ја измисли совршената илузија.
За да го остварат тоа, тие жртвуваат сè што е потребно за да го надитрат противникот.
Одличната актерска екипа со Кристијан Бејл, Хју Џекмен и Скарлет Јохансон совршено ги доловуваат своите ликови.
Inception (2010)
Приказната во филмот раскажува за крадец, кој краде корпоративни тајни преку користење на технологија која овозможува влегување во соништата на другите, но сега му е дадена задача да го направи спротивното, односно да вметне идеја во умот на еден извршен директор.
Внимавајте на деталите и обидете се да останете во тек со дејството во филмот. Крајот на овој филм е еден од најдискутираните и дефинитивно ќе ве натера да размислувате.
А.В. | Црнобело