10 филмови за тоа колку може да биде болен човечкиoт ум
Она што ни е мистериозно, скриено зад темна завеса, непознато... секогаш успевало на чуден начин да ни го привлече вниманието.
Тоа важи и за менталните заболувања кои досега ни биле многу малку познати.
Токму од таа причина и филмовите кои ја разгледуваат оваа тематика се привлечни за гледање.
Предлог мрачни филмови кои вреди да ги погледнете:
Stonehearst Asylum, 2014
Во главни улоги: Џим Стерџес, Кејт Бекинсејл, Бен Кингсли
Рејтинг на IMDb: 6.8
Млад дипломиран психијатар од Оксфордскиот универзитет доаѓа во клиника каде вработените се чудни, методите се разликуваат од оние општо прифатените, плус, навечер се слушаат чудни гласови...
Color of Night, 1994
Во главни улоги: Брус Вилис, Џејн Марч
Рејтинг на IMDb: 5.1
Психолошки трилер со елементи на загадочност и љубов. Главниот лик, психологот Бил Кејп, се соочува со серија трагедии, една по друга, а тој треба да открие кој е мистериозниот лик кој се појавува и проткајува низ приказната.
https://www.youtube.com/watch?v=qqJmVge0SYQ
Secret Window, 2004
Во главни улоги: Џони Деп, Џон Туртуро
Рејтинг на IMDb: 6.6
Писателот Морт Рејни тврди дека Шутер му ја украл приказната, па се обидува да се „ослободи“ од него. Во обид да открие нешто повеќе за него, тој отвора таен прозорец кој води до комплетно лудило.
The Number 23, 2007
Во главни улоги: Џим Кери, Вирџинија Мадсен, Логан Лерман
Рејтинг на IMDb: 6.4
Волтер добива подарок од неговата сопруга, книга која го внесува во чуден свет каде владее бројот 23.
Split, 2017
Во главни улоги: Џејмс Мекавој, Ања Тејлор-Џој
Рејтинг на IMDb: 7.5
Три девојки се киднапирани од човек кој има 23 личности, а треба да избегаат пред да се појави 24-та, најопасна личност.
Уште 5 предлог филмови на следната страна...