Емотивни филмови заради кои ќе пуштите и по некоја солза
Истражувањата покажуваат дека речиси 92% од луѓето имаат плачено барем на еден филм.
Докажано е дека плачењето за време на филмови го зголемува потенцијалот кај луѓето за емпатија.
Психолозите тврдат дека луѓето кои плачат за време на филмови се всушност најемотивно стабилни и силни.
Еве неколку филмови кои со сигурност ќе ве натерат да пуштите некоја солза:
1. „Still Alice“
Ако сè уште го немате гледано ремек делото со главна улога на Џулиен Мур, време е да му дадете шанса. Џулиен Мур, во филмот глуми професорка по јазици на факултет, кај која на многу рана возраст била дијагностицирана со Алцхајмер.
Таа исто така, е соочена со тешка реалност кога ќе дознае дека некое од нејзините 3 деца ќе ја наследи болеста.
2. „My Sister’s Keeper“
Малата Ана се бори да добие медицинска еманципација, откако ќе дознае дека нејзините родители преку ин витро ја донеле на свет, за да може да донира коскена срж за нејзината сестра, која е болна од леукемија. Двете сестри имаат посебна врска и се соочуваат со многу проблеми за кои малите деца не можат ни да сонуваат.
3. „The Time Traveler’s Wife“
Tрагична приказна, во која паранормално генетско нарушување, кое се пренесува од генерација на генерација, предизвикува еден библиотекар постојано да шета низ времето. Кога тој ќе се заљуби и ожени, неговата жена е соочена со постојана грижа и чекање дали тој овојпат ќе се врати.
4. „Legends of the Fall“
Бред Пит игра исклучителна улога во овој филм, во кој глуми син на вдовец кој живее со неговите 3 синови во дивината, во 20-ти век. Трагедијата почнува да се одвива кога еден од браќата ќе почине во војната и набрзо двајцата браќа ќе се заљубат во вереницата на нивниот починат брат.
5. „If Only“
If Only е романтична приказна која го покажува животот на еден пар и како тие ја ставаат љубовта на последно место, сè додека една трагедија не ги научи да сфатат колку се сакаат и колку не можат еден без друг.
Уште 5 филмови на следната страна...