Емотивни филмови заради кои ќе пуштите и по некоја солза
6. „Million Dollar Baby“
Овој филм е добитник на Oскар со причина. Се работи за спортска драма, во која еден боксер почнува да тренира жена-аматер, која сака да стане профеционалец. Таа подоцна не само што покажува дека е извонреден боксер, туку и му станува најдобар пријател и исполнува огромна дупка во неговиот осамен живот.
7. „Interstellar“
Овој филм, емоциите буквално ќе ви ги однесе до крајот на универзумот. Емотивна драма во која планетата земја е соочена со суша, загадување и глад, а еден татко ги остава своите две деца и пробува да најде нова планета за човештвото.
8. „Rabbit Hole“
Среќно венчана двојка претрпува страшна трагедија, кога нивниот син умира во сообраќајна незгода. Нивниот живот повеќе никогаш нема да биде ист. Тие пробуваат да најдат утеха на погрешни места и прават многу погрешни избори, обидувајќи се да ја преболат огромната загуба.
9. „What Dreams May Come“
Робин Вилијамс во трагичната драма, откако ќе почине во сообраќајна незгода е соочен со избор дали да остане во рајот со неговите деца или да ја бара неговата жена во пеколот, откако таа ќе се самоубие.
10. „The Light Between Oceans“
Том и Изабел се брачен пар кој не може да има деца. Нивниот живот комплетно се менува кога ќе спасат мало девојче, чие тело испловува на брегот каде што живеат. Тие ја кријат случката од полицијата и решаваат да го зачуваат детето за нив. Сè ќе се промени кога ќе се појави биолошката мајка на детето.
А. В. | Црнобело