Филмови кои вреди да ги изгледате во ноември 2016-та
Сезоната на празници полека, но сигурно се наближува, а со неа ќе се појават и нови интересни филмови.
Како што е вообичаено, ќе се појават неколку филмови за Божиќ, но ќе има и многу драма и акција.
Ова се филмовите кои морате да ги погледнете овој ноември:
1. „Doctor Strange“
4-ти ноември
Овој ноември нè очекува уште еден филм на Марвел во кој главна улога е глумецот Бенедикт Камбербач.
2. „Loving“
4-ти ноември
Филмот на режисерот Џеф Николас ја раскажува приказната за Ричард и Милдред Ловинг.
3. „Almost Christmas“
11-ти ноември
Откако главата на домот си заминува од овој свет, сите се обидуваат начин да се согласуваат.
4. „Fantastic Beasts and Where to Find Them“
18-ти ноември
Ова е приказна која раскажува што се случува пред да се појави Хари Потер. Настантие се одвиваат во Њујорк во 1926-та година.
5. „Nocturnal Animals“
18-ти ноември
Филмот во кој главните улоги припаѓаат на Ејми Адамс и Џејк Гиленхал веќе се очекува да биде Оскаровец, па вреди да се погледне.
6. „Bad Santa 2“
23-ти ноември
12 години после оригиналниот „Bad Santa“ нè очекува второто продолжение, многу смеа, но и драма.
7. „Moana“
23-ти ноември
Приказна за млада принцеза од Полинезија која заминува на патување во потрага по митолошки остров.
Н. Г. | Црнобело