Згодниот син на Клинт Иствуд ќе биде дел од најновото продолжение на „Fast & Furious“
Скот Иствуд, синот на познатиот актер Клинт Иствуд, е најновиот член на екипата која ќе биде дел од најновиот дел на филмската сага „Fast & Furious“.
Продукцијата, објавувајќи негова фотографија на Твитер, ја објави веста за неговото учество во осмиот дел од познатиот филм.
Според информациите тој ќе глуми лик што ќе биде под закрила на ликот глумен од Курт Расел, Mr. Nobody.
Младиот актер објавувајќи ја веста на Инстаграм не штедеше зборови за да го искаже своето воодушевување и среќа за новиот проект во кој ќе учествува.
Тој во моментов е зафатен со ангажманите во „Suicide Squad“, „Snowden“ и најновиот филм напишан и режиран од Бен Афлек, „Live by Night“.
М. С. | Црнобело