Деца актери кои ги обожававте, а денес не би ги препознале
Тие беа главни филмски ѕвезди со кои многумина израснаа. Тие ве водеа низ возбудливи авантури, први симпатии и стопати прегледани филмови.
Некои од нив и денес би ги гледале со задоволство. Но, како што пораснавте вие, така пораснаа и малите ѕвезди.
Повеќето од нив сигурно не би ги препознале.
Сара Роуз Кар („Beethoven“ )
Ова е малата Емили од филмот „Beethoven“, која ви покажуваше како се сака големото куче Бетовен. Денес е прекрасна русокоса актерка која може да ја забележите во повеќе филмови.
Ана Чламски („My girl“)
Малата бунтовничка која се впушти во авантурите заедно со малиот Меколи Калкин, денес е вистинска убавица. Иако не ги добива главните улоги, сепак ја има на малите екрани.
Хејли Џоел („The sixth sense“)
Тој ја освои публиката како малото слатко момче од филмот „Шестото сетило“, а денес сигурно тешко би го препознале, бидејќи целосно е променет, освен во очите.
Меколи Калкин („Home alone“)
Тој беше идол на сите деца. Нема некој што не посакал да може да остане сам дома и да биде толку паметен како него за да ги направи сите тие стапици. Денес веќе никој не сака да биде како него, бидејќи изгледа непрепознатливо, пропаднато и лошо.
Тора Бирч („Monkey trouble“)
Ова е малото девојче кое уживаше во авантурите со малото мајмунче од циркузот и често запаѓаше во неволји заради тоа што тоа беше крадец. Таа е улогата по која сите ја препознаваат, но не би ја препознале како порасната.
Дакота Фенинг („My name is Sam“)
Храброто девојче кое покрај вака сериозните семејни драми има глумено и во хорор филмови, денеска е уште поубаво.