„Планета на мајмуните - Револуција“ моментално најгледан филм на светот
Филмот се најде на првото место на гледаност и во Македонија, додека во Америка е најгледан филм веќе втор викенд по ред, што не се случува често.
На светските кино-благајни филмот „Планета на мајмуните - револуција“ се наоѓа на првото место на гледаност, со заработка проценета на околу 97 милиони долари.
Овој летен блокбастер кој е на репертоарот на домашните кина од 17 јули, во текот на минатиот викенд се најде на првото место по гледаност и во Србија.
Приказната на режисерот Мет Ривс (Matt Reeves) за луѓето и мајмуните кои се наоѓаат на работ на војна која ќе го одреди доминатниот вид на Земјата, веќе 2 викенди по ред го држи првото место во кината на Северноамериканскиот контитент. Во САД и Канада филмот заработил над 80 милиону долари. Судејќи по одличните рецензии и подеднакво добрите реакции на публиката, неговата заработка во Америка наскоро ќе достигне 170 милиони долари.
Енди Серкис, кој го глуми интелигентниот мајмун Цезар, предводник на генетски модификуваните мајмуни, неодамна со екипата од филмот го посети Берлин, во рамки на промотивната турнеја за филмот „Планета на мајмуните -Револуција.“
Во продолжение погледнете го трејлерот: