Патувањето го освежува духот: 5 предлог филмови

Многу од нас посакуваат авантура која за жал не успеваат да ја исполнат. Можеби им недостасува храброст, се плашат од ризици или едноставно не се финансиски подготвени.

top-5-fillmski-predlozi-patuvajte-so-mislite-01.jpg

Ако ова лето решите да останете дома од било која причина и сакате да се опуштите со добар коктел и летна филмска авантура, еве што ви предлагаме:

„Up“

Оваа авантуристичка, анимирана комедија доби 2 Оскари и е една од најдобрите на сите времиња.

Кога 70-годишниот Карл, бившиот продавач на балони, ќе реши да го напушти домот и да отпатува во Венецуела, се одлучува да ја понесе и својата куќа. Врзувајќи ја куќичката за илјадници балони кои го поткренаа заедно со неа во воздухот, конечно доаѓа до исполнување на најголемиот детски сон.

Прекрасна приказна за животот, патувањето и пронаоѓањето на сопственото јас.


„The Bucket List“

Со слична тематика како и претходниот, така и овој филм ќе ве убеди дека никогаш не сте престари за исполнување на детските соништа.

Кога им е дијагностицирана тешка болест, механичарот Картер и милијардерот Едвард ги вкрстуваат животните патишта и стануваат добри пријатели. Со намера да ги остварат сите желби пред смртта, започнува нивното заедничко патување.

Иако на прв поглед ви делува тажно и трагично, ова е филм кој вреди да го погледнете.


„Eat, Pray, Love“

Кога заради чувството на изгубеност во сопствениот живот Џулија Робертс решава да се разведе, одлучува дека е време за промена.

Сака да се открие себеси, да знае која е таа навистина, каде оди, што сака и зошто го сака тоа нешто. Сака промена и се одлучува да го пропатува светот.

На тоа патување запознава многу инспиративни личности и пронаоѓа нова вредност во животот.


„The Secret Life of Walter Mitty“

Волтер Мити, кој го игра фантастичниот Бен Стилер, е човек кој буквално плови низ животот.

Неговата глава е исполнета со раскошна фантазија во која го пронаоѓа мирот од секојдневните фрустрации. Кога ќе открие дека неговата кариера е во опасност започнува авантура која ве остава без здив.

Волтер ќе ве расплака, насмее и инспирира за некои подалечни, нови авантури.


„Into the Wild“

Базиран на вистинска приказна и истоимена книга, овој прекрасен филм е добитник на Златен глобус и 2 пати е номиниран за Оскар.

Филмот ги раскажува доживувањата на Кристофер Макадлес, успешен студент и спортист кој одлучува да се откаже од сè во животот и да ја донира својата заштеда во добротворни цели.

Исто така, го планира и животот на Алјаска во кој тргнува пешки, без пари. На ова патување сретнува личности кои ќе му го променат целото животно патување.

Во текот на филмот најмалку 5 пати ќе посакате да сте на местото на главниот јунак.

Би можело да ве интересира:

10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови Гвинет Палтроу имаше само 26 години кога глумеше во Perfect Murder со тогаш 54-г...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg