Филмски викенд: Океанот

После оваа исклучително врнежлива недела, и сите вести како државата ни била пловна, се решивме да одбереме филмови што раскажуваат приказни за најголемите водни провршини. Океаните!

filmski-vikend-okeanot-01

Денешните предлози се жанровски различни, имате авантура што визуелно ќе ве восхити, спортска драма што ќе ве инспирира и историска драма, што ќе ви ја покаже моќта на природата.

Филмови со различни приказни, што раскаживаат за различни луѓе во различни ситуации. Но, сите приказни поврзани со океаните.

Сите три предлози се одлични и нема да згрешите со било кој избор.

Уживајте во овој филмски викенд!


Life of Pi (2012)

filmski-vikend-okeanot-1

Режисерот, Анг Ли, има направено страшно добри филмови, но ова ремек дело ги надминува сите предходни. Приказната звучи неверојатно, младо момче заглавено со тигар на спасувачки брод и пловат преку Пацификот. Звучи тотално нереално, но така и почнуваат сите добри филмови.

Ова е моќна приказна која раскажува за животот, вербата и религјата. Овој филм ќе ве натера да размислувате за вербата, но нема да форсира никаков одговор, и ќе ве остави сами во размислувањата. Дури и оние кои не се религиозно настроени можат да уживаат.

Ако се решите да го гледате, топло препорачувам да го гледате во 3Д бидејки така доживувањето е поголемо. Тоа што најмногу ме восхити беше нишката на хумор што се провлекуваше низ монолозите и се разбира, самиот тигар, кој иако е само анимација му даде душа на филмот и беше одличен како носител на една од главните улоги.

Компјутерските ефекти преку целиот филм се совршено направени, и тотално може да го пренесат гледачот во тој бајковит свет.

Може да се каже дека овој филм беше визуено најдобриот филм на годината. Уживање за очи и душа.

Режија: Ang Lee
Глума: Suraj Sharma, Irrfan Khan, Adil Hussain


Chasing Mavericks (2012)

filmski-vikend-okeanot-2

Ако предходниот филм беше бајковит, тогаш овој е спортска биографска драма. Се раскажува за животот на младиот Џеј, кој нема татко и се угледува на локалната сурферска легенда Фрости.

Кога Џеј ќе дознае за фамозните бранови Маверикс, кои достигнуваат височина и до десетина метри, решава да ги јава. Но, прво мора да го помине курсот на Фрости, кој покрај сурферски техники му задава и серија домашни задачи, да пишува што му значат брановите, или од што се плаши.

Иако ова звучи како лигава холивудска финта, тоа навистина се случувало и во вистинскиот живот. Се разбира дека тој на крај ќе успее да ги изсурфа џиновските бранови, а на ова место и ден денес се одржуваат сурферски натпревари во негово име.

Ставот на Џеј спрема овој спорт и спрема брановите, бил уникатен и сите го ценеле како одличен сурфер. Одличен филм со прекрасни снимки од бранови и плажи, одлични сурферски сцени, занимсливи ликови со изградени карактери и интересна приказна.

Еден од поинспиративните приказни што се појавиле во последно време. Филм кој успева да ве мотивира и да ве расположи истовремено. Филм кој го препорачувам на секого.

Режија: Michael Apted, Curtis Hanson
Глума: Jonny Weston, Gerard Butler, Elisabeth Shue


The Impossible (2012)

filmski-vikend-okeanot-3

Кога океанот ќе се сврти против вас, тој е суров и немилосрден, и овој филм успева да го долови тоа. Раскажува за една петчлено семејство што летува на Тајланд, кога ќе се случи цунамито во 2004та година.

Огромниот бран што ќе ги нападне и што ќе го избрише цел остров е страшен за гледање, а истовремено и одлично снимен.

Хоророт што го преживеа ова семејство не може да се објасни со обични зборови. Сцените и глумата е совршена, што на момент ќе помислите дека гледате документарец за цунамито.

Емотивна прказна раскажана од обични туристи, кои бараат начин како да се спасат и да си го најдат семејството. Паниката, болката, стравот, се реални и ќе ве држат на крајот на столицата до крај на филмот.

Морам да признаам дека од некои сцени ми беа посебно вознемирувачки и не можам да си замислам како луѓето што се толку нежни и кршливи успеале да го преживеат овој бран.

Овие филмови за природни несреќи се досадни и имаат лоша репутација, скоро и никој несака да ги гледа.

Но, нема да зажалите ако го гледате овој, бидејки ветувам дека ќе го задржи вашето внимание до крај.

Режија: Juan Antonio Bayona
Глума: Naomi Watts, Ewan McGregor, Tom Holland

И.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10 божиќни филмови на Нетфликс кои ќе ве подготват за празничната сезона Новиот филм на Линдзи Лохан или, пак, добро познатиот Love Actually - што ќе гле...
10 мрачни трилери кои нема да ви дадат мир до самиот крај Drive со Рајан Гослинг и Prisoners со Хју Џекмен и Џејк Џиленхол се одлични и на...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg