Филмски викенд: Приказни за писатели
За овој викенд ви подготвивме три филмови кои рaскажуваат интересни приказни за различни писатели и нивните животи. Освен тоа што главните ликови во филмовиве се по професија писатели, филмовите немаат ништо заедничко.
Жанровски не припаѓаат во исти категории и раскажуваат за различни настани, идеи и луѓе. Можете многу лесно да си најдете барем еден филм кој ќе одговара на вашиот филмски сензибилитет.
Уживајте во овој филмски викенд!
The Rum Diary (2011)
Оваа драма е делумна екранизација на реалниот живот на Хантер С Томсон, писателот на книгата по која е правен филмот.
Филмот раскажува за еден новинар, кој можеби е интелегентен и уклучен во светската сцена, но ние го гледаме како пијаница која секојдневно пропаѓа подлабоко. Тој работи за еден весник со Пуерто Рико, се запознава со уште еден новинар кој исто така е пијаница, живее издепримирано и без цел.
Дејствието во филмот не се развива брзо, ликовите се градат бавно, па на моменти може филмот да ви биде досаден. Ова е одличен филм, и Џони Деп прекрасно глуми.
До некаде ја репризира неговата улога што ја глумеше во Fear and Loathing in Las Vegas, но ако ме прашате мене тој филм беше позабавен од овој. Но, сепак овој филм покрај драмата, има и комични елементи.
Приказна што ќе ве натера да размислувате за општеството, корупцијата и манипулацијата, и како ништо се нема сменето од 50тите години кога се случуваат настаните во филмов.
Режија: Bruce Robinson
Глума: Johnny Depp, Giovanni Ribisi, Aaron Eckhart
The Words (2012)
Оваа романтична драма многу ме заинтригира бидејки се раскажуваат неколку приказни паралелно, и те тера да се замислиш што е вистинито, а што не. Ако врз тоа додадеме уште и три креативни писатели, со право можете да останете збунети по завршувањето на филмот.
Првата приказна раскажува за писателот кој се бори со писателската блокада. После успехот на првата книга тој не може да најде инспирација за втората, по што паѓа во депресија. Сè додека не налета на нечија непубликувана заборавена книга. Ги чита зборовите и е маѓепсан од нив. Тој ја публикува книгата под свое име.
Кога оргиналниот автор на загубената книга, ќе си го препознае своето дело ќе најде начин да влезе во животот на младиот писател и да го прогонува. Но, како се редат слоевите на приказната дознаваме дека ова сето го раскажува трет писател. И дека предходно раскажаната ситуација е дел од неговата последна книга.
Толку е приказната емотивно и вистинито прикажана што се запрашуваме дали тој раскажува за својата младост, или целата приказна е фикција?
Ако го погледате филмот, можете слободно да искоментирате кое е вашето мислење за крајот на филмот. Освен што е прекрасно склопен, актерската екипа е феноменална и навистина ќе ве занеми со својата глума.
Режија: Brian Klugman, Lee Sternthal
Глума: Bradley Cooper, Dennis Quaid, Zoe Saldana, Olivia Wilde
Ruby Sparks (2012)
Ова е интересен и забавен филм за сите генерации. Жанровски гледано е комична фантазија или романтична комедија.
Во својата приказна на моменти делува на Stranger than Fiction, па ако ви се допаднал тој филм, верувам дека ќе ви се допадне и овој.
Имено еден плад писател се мачи со пишување на својата книга и смислува комплексна историја за својата идеална девојка и ја вметнува во приказната. Но, наредното утро се буди и ја наоѓа својата измислена девојка како се шета по неговата куќа. Таа е вистинска, реална.
Тој успеа преку типкањето на античката машина некако да ја оживее својата идеална девојка. Подоцна открива дека што и да напише на машината, девојката тоа ќе го направи во вистинскиот живот.
Симпатично филмче кое ќе ве насмее и ќе ве забавува. Идеално за гледање со друштво, или со партнерот.
Режија: Jonathan Dayton, Valerie Faris
Глума: Paul Dano, Zoe Kazan, Annette Bening
И.Т. | Црнобело