Филмски викенд: Опасни бркотници
Овој викенд се решивме да ви предложиме нешто брзо и лесно за конзумирање. Акции со опасни и брзи брканици, интересни несекојдневни приказни и одлични глумци.
На овие филмови дефинитивно нема да заспиете или да ви бидат досадни. Како создадени за да разбиете монотонија од овие пост новогодишни предвидливи филмови, и идеални ако сакате скроз да избегате од празничното расположение.
Меѓу понудените имаме една класика преставена преку последното продолжение на Бонд, Џејмс Бонд, после модерна велосипедска акција и една откачена комедија.
Уживајте во овој филмски викенд!
Premium Rush (2012)
Филм кој раскажува за луѓето кои работат како курири на точаци во Њујорк, што можеби не изгледа како гламурозна и егзотична работа, но е опасна по живот, ако го земеме во предвид сообраќајот во најлудиот град на земјата.
Приказната е прилично едноставна, една достава ќе се искомплицира, ќе се вмешаат повеќе курири, еден корумпиран цајкан, еден фин, но несреќен цајкан на точак, и некои кинези.
Можете да очекувате навистина брзи сцени со брканици, до моментот што може да ве заболи глава, одлични егзебиции на точак и феноменална глума од главниот актер, Џозеф Гордон Луит.
Ќе ви се подигне адреналинот од самото гледање како брзо лета покрај колите, пешаците и останатите учесници во сообраќајот.
Глумата е одлична од сите инволвирани, камерата е фантастична и навистина прави да се чувстуваме како дел од куририте, додека приказната е просечна, но не пречи во целокупното уживање.
Филм кој би го препорачала на секој, бидејки ги покрива сите популарни жанрови, акција, романса и трилер. Филм кој нема да ви биде досаден и можете да го гледате со поголемо друштво, па дури и во случај да немате сите исти филмски вкусови.
Режија: David Koepp
Глума: Joseph Gordon-Levitt, Michael Shannon, Dania Ramirez
Skyfall (2012)
Не можеме да имаме листа која обработува тема за опасни брканици со коли, мотори и други превозни сретства, ако не наведеме филм со Џејмс Бонд.
Формулата за филмов, верувам на сите ви е позната, фактот дека ако сте гледале еден Џејмс Бонд филм, сте ги гледале сите е вистинит.
Но, со секој нареден филм, имаме поинтересни направи, нови автомобили со специјални скриени функции, нови оружја, нови девојки, нови злобници, светот нели треба да се спаси, па се чуствуваме дека мора да го гледаме за да следиме што е ново и модерно во филмската индустрија.
Прекрасно изработен филм, совршена камера, преубави локации, совршено кореографирани бркотници и тепачки, и интересна приказна. Но, по моето скромно мислење иако сите коцки беа таму, едноставно филмот не беше целосен.
Можеби некаде во правењето на подобар Бонд филм, се изгуби Бонд чуството... Дефинитивно треба да го погледате ако досега сте ги следеле останатите Бонд филмови, или па ако сакате само да гледате добар акционен филм.
Режија: Sam Mendes
Глума: Daniel Craig, Javier Bardem, Naomie Harris
Hit and Run (2012)
Овој филм некако ме изненади, па кога дознав дека главниот актер го напишал и режирал филмот, и дека сите откачени/ретки коли што се користат во филмов се негови, знаев дека мора да се препорача.
Главниот лик се вика Чарли, кој има прилично релаксиран живот, некаде забутан во рурална Америка. Кога неговата девојка ќе добие интервју за работа во големиот град, тој не сака да ја пушти.
Имено тој е збутан во тоа малецко гратче бидејки е во програмата за криење на сведоци, и ако биде препознаен, најверојатно ќе биде повреден. Но, нели, љубовта е посилна од сè, тргнуваат на тоа патешествие.
На патот им се случуваат еден куп проблеми, се разотриваат детали за предходниот живот на Чарли, се појавуваат луѓето од кои тој се крие и бега.
Прекрасно мало филмче, сите глумци се феноменални, самите коли и брканиците со нив се откачени, приказната луда и смешна. Филм кој едноставно, мора да го гледате.
Глума: David Palmer, Dax Shepard
Режија: Dax Shepard, Kristen Bell, Bradley Cooper, Ryan Hansen, Joy Bryant
И.Т. | Црнобело