Филмски викенд: Песни и Танци
Идејата за овој викенд беше некој потежок жанр, но сепак на сите ни е тешко со снеговиве и мразовите, па решивме да ве развеселиме со симпатични филмчиња.
Темата на викендов е музика. Слушајте, гледајте, играјте, пејте... само немојте да стоите подолго во едно место, може да замрзнете.
Уживајте во овој филмски викенд!
Pitch Perfect (2012)
Сите оние кои уживаат да ги гледаат епизодите на Glee, овој е филмот за вас. Се зборува за факултетски натпревари во А капела пеење.
Се разбира, се раскажува за бунтовната девојка, постои некоја тивка романса, ривалство со другите А капела групи, несогласувањата во својата група, но сепак го гледаме филмов за пеењето.
Одлични преработки на модерни песни, а и на некои од осумдесетите години. Фантастична изведба и прекрасни гласови.
Актерската екипа е повеќе од одлична, младата генерација е составена од кремот на Холивуд, додека постарата, т.е. водителите на натпреварите се урнебесно смешни.
Филм што можете да си го гледате на само, или со друштво. Филм што ќе ве релаксира и ќе ве остави насмеани одкога ќе заврши. Дефинитивно ви го препорачувам.
Глума: Anna Kendrick, Brittany Snow, Rebel Wilson
Step Up Revolution (2012)
Четврто продолжение на овој серијал филмови, но сепак вредно за гледање. Ако сте верни фанови на танцувачките филмови, тогаш знаете од прилика како оди приказната.
Во овој филм не гледаме само танцувачки рутини со откачени потези и различни стилови, туку гледаме комплицирана организација за flаsh mob.
Некои ја доживуваат како пореметување на јавноста, додека па за некои е модерна уметност.
Користејки ги овие танцувачки толпи, двајцата главни глумци, воедно и млади љубовници, ќе пробаат да спречат уништување на еден дел од градот.
Одлична забава во случај да решите да поминете една вечер дома.
Глума: Kathryn McCormick, Ryan Guzman, Cleopatra Coleman
The Runaways (2010)
Како за последен предлог, одбрав нешто посериозно, музичка драма. Биографски филм за формирањето на првата женска панк група во седумдесетите.
Можеби не ги знаете The Runaways, но можеби сте слушнале за Џоан Џет која е дел од оваа тинејџерска група, а кога ќе поресне ќе го напише и испее хитот 'I love Rock&Roll'.
Одличен филм, кој раскажува за културата во тоа време, тинејџерските проблеми, сексуалната револуција, музиката и индустријата.
Актерската екипа е феноменална, и толку убедливо глумат што, или ќе посакате да го живеете тој живот, или да се молите вашето дете да не стане музичар.
Ако сакате филм кој музички ќе ве едуцира и ќе ве забавува истовремено, тогаш овој е филмот за вас.
Глума: Kristen Stewart, Dakota Fanning, Michael Shannon
И.Т. | Црнобело